10 пораки кои никогаш не треба да му ги пратите на поранешниот

Можеби треба нешто битно да му кажете или да земете некои ваши работи од кај него, но пред да ја напишете пораката, обидете се да се придржувате до правилото за едномесечно нејавување. А, кога после тоа ќе ја напишете првата порака, бидете подготвени да не добиете никаков одговор или барем не онаков каков што сте очекувале.
Ова е списокот на работи кои никако не смеете да ги напишете во СМС пораки:
Порака со еден збор
Не праќајте „хеј“ или слично. Ако имате нешто да кажете или прашате, направете го тоа во првата порака. Немојте да го ставате поранешниот партнер во положба да интерпретира зошто му се јавувате сега.

Нежни зборови и емотикони за флерт
Не сте повеќе заедно, па немојте да користите имиња со кои сте се нарекувале додека сте биле во врска. Не можете да му се обраќате во деминутив откако сте раскинале.

Зајадливи пораки
Ако сте вознемирени споделете го тоа со пријателите. Немојте да испраќате грди пораки само затоа што се чувствувате изморено, осамено или затоа што сте пијани.

„Зошто не ми одговори на пораката?“ или „Дали ја доби мојата порака?“
Испратете една порака. Ако тој/таа не одговори, прифатете го фактот дека најверојатно не сака никаков контакт со вас.

Пораки во кои се потсетувате на вашата врска
Немојте да пишувате за работи кои се случиле во вашата врска. Се што се случило во врската, а сакате да го исфрлите од себе споделете го со пријателите или запишете го во дневник. Немојте тоа да и го кажувате на личноста која ви го скршила срцето.

Покана за секс
Ова апсолутно никогаш, ама баш никогаш не е добра идеја.

„Мислам на тебе“
Нормално е да мислите еден на друг уште извесно време по завршувањето на врската. Но, кога еднаш ќе ја завршите врската, немојте да го известувате поранешниот партнер дека мислите на него.

Предизвикувачки фотографии
Исто како и поканата на секс, и ова не е добра идеја, бидејќи на крајот може да се сведе на исто.

Очајнички извинувања и молби
Никогаш немојте да се обидувате да го вратите поранешниот партнер на тој начин што со пораки ќе го молите да ви се врати.

Уште една порака, па уште една
Кога ќе го постигнете она што сте сакале да го постигнете – на пример, сте се согласиле да ви ги врати книгите во вторник – завршете го разговорот. Бидете вие тој/таа што ќе го заврши допишувањето. Ако се двоумите дали да пратите уште една порака или не – немојте да ја праќајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.