Не дека сакаме да ве убедиме да раскинете со момчето, но понекогаш е навистина супер да бидете сингл.
Еве зашто:
1. Нема потреба да се правдате ако келнерот на салфетка ви го напише бројот.
2. Без машка придружба е многу полесно да му се насмеете на обезбедувањето и преку ред да влезете во преполн ноќен клуб.
3. Не мора повеќе да ја губите саботата во салон за автомобили.
4. Можете со часови да се подготвувате за излегување, без никој да ве избрзува.
5. Не мора повеќе да ги криете сметките од чевлите.
6. Без брза храна на каучот многу е поверојатно дека ќе влезете во ултратесните фармерки.
7. Двете страни од креветот се само ваши!
8. Немате стрес дали ќе и се допаднете на неговата мајка, баба, дедо и цела негова фамилија.
9. Имате целосна слобода да вдомите симпатична мачка, куче, дури и скакулец ако сакате.
10. Не ви треба дозвола да одите на одмор само со пријателките.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Не дека сакаме да ве убедиме да раскинете со момчето, но понекогаш е навистина супер да бидете сингл.