10 причини зошто жените ги оставаат мажите, а тоа не е неверство

Неверството во бракот не е првото нешто поради кои жените ги оставаат своите парнери, покажува истражувањето на онлајн сервисот за истражување „NextLove“, туку двете најголем причини се различните цели на партнерот и непрестаните расправии. Овој сервис направи список од 10 причини поради кои жените се одлучуваат на развод, а тоа да не неверството.
Овој сервис одлучи да истражи кои се причините поради кои жените се одлучуваат да го напуштат својот партнер. На својата интернет страница анкетирале 43.000 жени за причините поради кои на својот партнер му рекле збогум.
-Неверството понекогаш дури се покажува како добро средство за спасување на бракот, но многу често е прични за негов распад, изјави за Дејли мејл извршниот директор на сервисот, Сигурд Ведал.
Анкетата покажала дека 29.2 отсто од жените како причина за развод од бракот го навеле неверството, а Ведал напоменува дека недостатокот од заеднички животни интереси на партнерот, кои ќесто се причина за распад не бракот, може да биде и повод за неверство.
Караниците се нашле на третото место најчести причини за пропаст на бракот, а тоа го кажале 10.9 отсто од анкетираните.


Според анкетата, четвртото место го зазема недостатокот на интимност со сопругот. Поголемиот дел од жените сакаат активен сексуален живот и ако не го добијат во својата спална соба, ќе го побараат на друго место, што доведува до распад на бракот.
-Недостатокот на интимност може да го уништи бракот, а како резултат на тоа, брачните партнери водат одвоени живот, објаснува Ведал и открива дека поголемиот број мажи и жени се пријавуваат на нивниот сервис поради ваквите ситуации во бракот.
Менталната болест е петта причина за распад на бракот, за што потврдиле 5.6 проценти од анкетираните. Живот со парнер кој има нарушено ментално здравје е голем предизвик и покрај огромните напори за вложување во спас на бракот, тој често се распаѓа.
На шестото место е лошото однесување на партнерот, за што во анкетата одговориле 5 отсто од жените. Овој одговор опфаќа и физичко, емоционално, но и финансиско злоставување.
Досадата како убиец на односите го навеле 4.2 отсто, додека зад неа на осмото место се наоѓа физичкото злоставување.
На последните две места се нашле проблеми во куќата и проблемите со парите. Вендал смета дека резултатите прилично добро ги отсликуваат најчестите причини поради кои жените се откажуваат од бракот и бараат развод и напоменува оти е добра работа што по нивниот развод се подготвени на љубовта да и дадат втора шанса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.