10 работи што се менуваат откако ќе ги изгубите родителите

Никој никогаш не бил подготвен за смртта на своите родители. Тоа е удар кој го менува вашиот живот засекогаш. Колку и да не сакате да го замислувате тој момент, еден ден сигурно ќе се случи. Ќе чувствувате како да ја губите поврзаноста со живот и со мудроста и ќе мора да се навикнете на помислата дека отсега сами ќе ги решавате своите проблеми. Во продолжение прочитајте што се случува откако ќе останете без родители.
1. Телефонот секогаш ќе ви биде при рака затоа што го пропуштивте последниот повик од вашата мајка.
2. Првите неколку месеци може да чувствувате физичка болка низ целото тело, дури и да повраќате.
3. По смртта на двајцата родители, можеби нема да бидете во контакт со остатокот од семејството. Можеби ќе ви биде тешко да ги одржите семејните односи, со оглед на тоа што главната нишка што ве поврзуваше сега е скината.


4. Нема да можете да си простите себеси што вашите деца ретко ги гледале своите баба и дедо затоа што вие не дадовте сè од себе за тие да се гледаат почесто.
5. Никогаш не обвинувајте ги родителите за она што го направиле или што не го направиле. Кога ќе станете дете без родители, без разлика колку години имате, ќе си префрлате себеси за секој збор што сте им го кажале на родителите додека биле живи.
6. Ќе сфатите колку време сте потрошиле залудно додека сте правеле незначајни работи, а во тие моменти сте можеле да бидете покрај вашите родители.
7. Никој никогаш не размислува дека ќе дојде моментот кога ќе умрат неговите родители. Наместо сега да размислувате за тоа, повикајте ги вашите родители. Дозволете им да зборуваат за сите ситници што ги мачат овие денови. Тие разговори се лековити и за вас и за нив.
8. Болката предизвикана од загубата на родителите можат да ја разберат само оние што ги изгубиле своите родители. Никој друг нема да може да ве разбере низ што поминувате.
9. Иако велат дека времето лекува сè, тоа не е вистина во овој случај. Понекогаш, ќе се разбудите и ќе почувствувате дека таа голема загуба ви се случила токму сега.
10. Подгответе се за ненадејно чувство на љубомора секој пат кога ќе видите дека вашите пријатели седат и пијат кафе со родителите. Тоа се моменти што никогаш веќе нема да ги доживеете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.