10 трикови со хартија за печење што треба да ги знаете

Покрај добро познатиот трик колачите да не се лепат на плехот за печење, со хартијата за печење можете да решите и некои други ситни проблеми во домот.
Еве 10 начини како да користите хартија за печење кои ќе ви го олеснат животот и ќе ги елиминираат малите пречки кои често никој не знае како да ги среди.
Исполирајте ги славините
Со хартија за печење можете да ги полирате славините за да блескаат. Со полирање, хартијата ќе ги отстрани дамките од вода, а восокот од хартијата некое време ќе ги заштити славините од создавање на нови дамки.
Обложете ги полиците
Ставете ја хартијата за печење врз висечките елементи во кујната каде што се собира прашина и каде се лепат маснотии од готвењете. Менувајте ги на неколку месеци и ќе се изненадите колку нечистотија ќе остане на нив. Оваа хартија можете да ја користите и за обложување на фиоките и внатрешните полици во кујнските кабинети.
Исчистете го подот
Искористете ја хартијата за печење како крпа за да го избришете подот и потоа едноставно избришете го на вообичаен начин. Ќе ја соберете целата нечистотија од подот и ќе дадете сјај благодарение на хартиениот восок.
Исчистете ја пеглата
Ако ви се залепи пеглата, направете го следново: на хартија за печење посипете сол и кога пеглата ќе се загрее до максимум, лесно тријте додека не се отстрани целата нечистотија.
Зачувајте го отворачот за конзерви
Хартијата за печење е премачкана со восок, кој ќе се префрли на сечилото за отварање и ќе го исчисти доколку е нечисто, а дополнително ќе го премачка и на тој начин ќе го спаси од ‘рѓа и воедно ќе го подмачка за да да отвора без напор.
Спречете крцкање на вратите
Вратата што чкрипи бидејќи се заглавува при затворање и отворање протријте ја со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги премачка рабовите и вратата полесно ќе се затвора и отвора.
Зачувајте го градинарски алат
По употреба, исчистете ги градинарските алати со оваа хартија. Покрај лесното отстранување на остатоците од земјата, хартиениот восок ќе го заштити металот од ‘рѓа.
Одглавете го заглавениот патент
Доколку забележите дека патентот на јакната или чантата се заглавува некаде, истријте го со хартија за печење, а тоа ќе му ги подмачка запците. Ќе биде како нов.
Обложете ги полиците во фрижидерот
Хартијата за печење е идеална за обложување на полици и фиоки, дури и во фрижидер. Ќе ги заштити полиците доколку нешто се истури, доволно за да не мора да го бришете целиот фрижидер, само заменете ја хартијата.
Исчистете ги металните шипки
За полесно да се лизгаат прстените на завесите за туширање, истријте ја шипката со хартија за печење и на тој начин ќе ја подмачкате и ќе ја избришете прашината која секако се залепила со текот на времето. Применете го истиот принцип на чистење прашина на прачки во кабинети и плакари. Со полирање тие повторно ќе заблескаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.