10 цитати што ќе ве инспирираат да ги следите своите соништа

Дали чувствувате како да ви недостига мотивација? Можеби сте разочарани од нештата што моментално ви се случуваат на професионално поле, па целосно сте обесхрабрени дека ќе успеете? Или пак, заглавени сте во кариерата што сте ја почнале и сметате дека сте одбрале погрешна насока? Одвојте пет минути за да ги прочитате овие инспиративни цитати и поттикнете го вашиот мозок на размислување. Можеби токму овие зборови ви биле потребни за да ја најдете својата инспирација…
„Изберете работа што ја сакате и нема да треба да работите ниту еден ден во животот.“ – Конфучие
„Вашата кариера ќе биде одбележана од ситуациите што сте успеале да ги совладате, а не од вашите успеси.“ – Карлтон Фиск


„Работете за да станете некој, а не за да стекнете нешто.“ – Елберт Хабард
„Откријте во што сте најдобри и потоа најдете некој што ќе ви плаќа да го работите токму тоа.“ – Кетрин Вајторн
„Неуспехот не значи дека сте неуспешни. Тоа значи дека сè уште не сте успеале.“ – Роберт Х. Шилер„Најдобриот начин да ја предвидите иднината е истата самата да ја создадете.“ – Абрахам Линколн
„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е да пробате уште еднаш.“ – Томас Едисон


„Мислам дека сите треба да доживеат пораз барем еднаш во текот на својата кариера. Од него може многу да се научи.“ – Лу Холц
„Сакам еден ден да се свртам и кога ќе ја погледнам мојата кариера да бидам горд на работата што сум ја направил и горд на себе затоа што сум пробал сè.“ – Џон Стјуарт
„Желба! Тоа е единствената тајна за успешна кариера на секој човек. Не образование. Не поседување скриен талент. Желба.“ – Џони Карсон

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.