10 чудни суеверија за бременоста во кои сè уште се верува

Бременоста е посебен период од животот на идните родители. Секој се обидува да ја заштити идната мајка што е можно подобро, па поради ова луѓето се подготвени да веруваат во секакви работи, дури и во најлудите суеверија. Повеќето се целосно лажни, но кај некои можеби и ќе најдете некаква логика. Погледнете кои се најпознатите суеверија поврзани со бременоста.


1. Мајката не треба да јаде риба бидејќи бебето може да не зборува долго
Речиси сите видови риба, особено сировата, содржат паразити кои се опасни за луѓето. Последиците можат да бидат многу поопасни од задоцнет развој на говорот кај детето. Но ако рибата е приготвена на висока температура или ако била замрзната, можете слободно да ја консумирате. Единствен исклучок треба да биде рибата која има многу жива, како туна, ајкула, сабјарка и слично. Консумирањето на овие видови риба може да биде опасно и за жената, и за детето.
2. Мајката не смее да помине под скала бидејќи бебето ќе биде слабо
Ова суеверие е распространето ширум Северна Европа. Скалата навалена на ѕид формира триаголник, кој пак е симбол на Светото тројство. Се верува дека секоја жена што ќе помине низ триаголникот го крши тројството и ќе има проблеми со бебето. Пологично објаснување е безбедноста на жената, бидејќи скалата може да падне.


3. Ако ги отворите сите прозорци од куќата, породувањето нема да биде тешко
И не само прозорците. Во Русија, Белорусија и Украина луѓето отвораат што ќе стигнат – врати, гардеробери, плакари, кутии, фиоки и слично. Се верува дека ова ќе помогне во ширењето на грлото на матката. Се разбира, ова нема да направи нешто. Но отворањето на прозорците е неопходно од други причини – додека мајката и бебето се во домот, треба редовно да се чисти и да се проветрува.
4. Ако мајката јаде бела храна, детето ќе има посветла кожа
Во Кина, Индија и другите држави каде што белата боја на кожата се смета за знак за убавина, се верува дека ако мајката јаде посветла храна и кожата на детето ќе биде посветла. Но ова суеверие „функционира“ и спротивно – ако мајката јаде темна храна и пие многу кафе или чај, детето ќе биде потемно. Кожата на детето не зависи од исхраната на мајката, туку од комбинацијата на гени.
5. Мајката не смее да оди на гробишта, бидејќи тоа ќе предизвика несреќа
Многу арапски држави и држави во источна Европа го следат ова правило. Се верува дека детето може да биде повикано од духовите на неговите предци, или дека ќе има лош темперамент и дека многу ќе плаче. Најверојатно суеверието потекнува од некои религиски ограничувања или со цел да се заштити жената од стрес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.