Во текот на изминатаа ноќ во регионот на јужна Франција се евакуирани приближно 10.000 лица поради појават на нов пожар, што веќе уништи најмалку 400 хектари шума во околината на летувалиштето Борм ле Мимоза и блиските населби Ла Лонд ле Мор и Ле Лаванду, соопштија денеска пожарникарите, а пренесоа француските медиуми.-Луѓето беа евакуирани како напредуваше огнената стохија. Станува збор за станбена зона, чие население во текот на летото двојно и тројно се зголемува, изјавија пожарникарите.
Меѓу евакуираните има околу 3.000 кампинг туристи.
Зафатениот реон од пожарот се наоѓа на помалку од 30 километри од градот Тулон, пренесоа американските медиуми.
Во гасење на пожарот се испратени четири разузнавачки авиони и еден авион канадер. Опожарени се околу 800 хектари шума. Со пожарот во моменто се борат 540 пожарникари.
Дополнителни екипи се испратени во гасење на пожарот во Артиг, што веќе уништил 1.700 хектари шумски терен.
Друг пожар синоќа бил совладан во Ла Кроа Валмер, откако уништил две вили и уште околу 500 хектари земја.
Еден пожарникар вчера бил потешко повреден, јавија властите од регионот Прованс-Алпи-Лазур. Ширењето на огнот ја наметна потребата од евакуацијата на жителите на десетици згради.
Пожарите се предизвикани од силната суша, што на почетокот на летото ја зафати јужна Франција, посочија светските агенции.
Пожарите во јужна Франција веќе уништија над 4.000 хектари шумски масиви. На островот Корзика во последните денови опожарени се 1.800 хектари шумски масиви, повредени се 20 пожарникари, а други 11 лица се затруени од чад, пренесе ТАСС, цитирајќи ја телевизијата БФМ.-Луѓето беа евакуирани како напредуваше огнената стохија. Станува збор за станбена зона, чие население во текот на летото двојно и тројно се зголем