10 чудесни намирници кои го топат масното ткиво и помагаат во слабеење

Тајната на слабите луѓе не е во тоа дека тие се константно на диета, туку во храната која ја јадат. Зимскиот период обично се качува некој килограм повеќе поради празниците, депресија, детоксикација и слично. Како и да е мора да се јаде. Тајната на слабите луѓе не е во строгата диета, туку во храната која ја јадат.
Во продолжение ви наведуваме неколку здрави намирници, кои го забрзуваат метаболизмот, заситуваат и помагаат во здраво губење на килограмите.
1. Риба
Две одлични намирници за топење на масното ткиво се туна и лосос. Морската храна е одличен извор на омега – 3 масните киселини и протеини. Вклучете ја рибата во вашата исхрана и набргу ќе забележите видливи промени во тежината.
2. Јајца
Јајцата се одличен извор на протеини и ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини кои му се потребни на телото за да го изгради мускулното ткиво. Со обѕир на тоа дека содржат протеини, јајцата е најдобро да ги јадете наутро, за појадок.
3. Свежо овошје и зеленчук
Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се исклучително здрави и неопходни за нашиот организам, бидејќи содржи многу витамини и минерали. Но дали знаевте дека секојдневно би требале да изедете од 3 до 5 овошки и зеленчук. Не само што е добро за слабеење, туку и го подобрува изгледот на кожата и косата и позитивно делува против заморот.
4. Цимет
Циметот со право може да се нарече супер храна, бидејќи освен што содржи бројни бенефити за човечкото здравје, тој е зачин кој секоја жена што сака да ослаби, треба да го користи во својата кујна. Циметот може да го додадете на овесни снегулки, чај или кафе или пак може да го наросите на тостот со мед.
5. Чили пиперчиња
Ако сакате да ослабете, во исхраната би требале да ги вклучите и чили пиперчињата. Имено, докажано е дека тие го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат согорувањето на мастите. Освен тоа, го намалуваат холестерелот и позитивно делуваат на здравјето на човекот, бидејќи се богати со витамини и минерали. Занемарете го лутиот вкус, бидејќи по неколку залака веќе не се чувствува или комбинирајте ја со омилените вкусови.

6. Маслиново масло
Дури и ако сте на диета, мастите ви се потребни за нормално функционирање на организмот. Всушност, не сите маснотии кои ги внесуваме се штетни за здравјето. Здравствените предности на маслиновото масло се надалеку познати. Благодарение на витамините, хранливите работи и антиоксидансите кои ги содржи, маслиновото масло штити од срцеви заболувања, чир на желудникот и гастритис.
7. Кокос
Многу од нутриционистите сметаат дека кокосот е право чудо, кога станува збор за губење на килограмите. Антивирусните својства кои се препишуваат на кокосот помагаат при детоксикација. Кокосовото масло го забрзува метаболизмот и согорувањето калории.
8. Кељ
Општо се познати здравствените доброти на зелените листови на зеленчукот, кои содржат многу клорофил, минерали и протеини кои како што погоре наведовме, помагаат во согорувањето на калориите. Кељот како главна „ѕвезда“ меѓу зеленчуците, има силни детоксикациски својства, мноштво на витамини и влакна.
9. Семе од коноп
Семето од коноп е исклучително хранливо и е богат извор на фитонутриента која го штити имунитетот, крвните жили и многу други органи. Можете да го најдете во подобро снабдените маркети за здрава храна.
10. Лимон
Секако лимонот е неизоставлив дел на оваа група намирници. На личностите кои сакаат да ослабат им се препорачува секое утро на „гладно срце“ да испијат чаша топла вода со исцеден лимон. Тоа ќе ви даде повеќе енергија и ќе ви го исчисти телото од токсини. Лимонот е одлична намирница за сите кои водат борба против вишокот килограми.
 Зимскиот период обично се качува некој килограм повеќе поради празниците, депресија, детоксикација и слично. Како и да е мора да се јаде. Тајната н

Пронајдете не на следниве мрежи: