Не е се во јаболките, портокалите, јагодите и останатите вообичаени овошки за нашево поднебје. Разгледајте ги овие невообичаени овошки од различни краеви на светот.Дрвено Јаболко – овошка од индија која иако изгледа како да скапувала со години, има прекрасен сладникав вкус, сличен на оној на грозјето.
Змијско овошје – Штом ја отстраните бодликавата лушпа, добивате мека овошка со вкус како мешавина од мед и ананас.
Перуанска јагода – Оваа овошка Јужноамериканците ја јадат како утре да ќе ги нема. Во почетокот може да има малку горчлив вкус, но штом ја гризнете, 1,7 милијарди витамини буквално ќе ви ја бомбардираат устата.
Дуриан – За жал ова овошје од Југоисточна Азија е познато по својот мошне непријатен мирис. Но ако го поднесете истиот, ве очекува прекрасно слатко изненадување.
Дланката на Буда (бушукан) – Иако изгледа како некој вонземски предмет, оваа овошка има карактеристики слични на лимонот.
Африканска краставица (кивано) – Оваа овошка иако и од надвор и од внатре изгледа како некој вонземјанин, е неверојатно вкусна, слатка и здрава. Може да се најде во некои од подобро снабдените супер-маркети.
Чудовишна овошка – Ја има само во Јужна Америка. Наликува на банана, но има вкус сличен на ананас.
Шеќерно јаболко – Се смета за една од највкусните и најздравите овошки. Ја има по цел свет, освен во Европа. Има прекрасен сладок вкус, како мешавина од ананас и банана.
Рамбутан – Со својата влакнеста површина изгледа прилично одбивно. Сепак, под неа се крие плод со големина на цреша кој има слатко-кисел вкус. Оваа овошка е составен дел од речиси сите свечени вечери во Југоисточна Азија.
Мангостин – Препознатлив е по својата виолетова боја, со која потсетува на модар патлиџан. Чудно е како оваа овошка не станала популарна до сега, бидејќи покрај слаткиот вкус, има толку здравствени бенефиции, што буквално можеме да ја наречеме „билка за се и сешто“.
Дрвено Јаболко – овошка од индија која иако изгледа како да скапувала со години, има прекрасен сладникав вкус, сличен на оно



