Најголемиот број на пушачи започнале да пушат уште во тинејџерските години, а многу од анкетите кои биле извршени покажале дека 80 % оф пушачите стануваат зависни од никотин пред да наполнат 18 години. Можеби сте знаеле некој од овие факти, можеби не, но не е лошо ни да се потсетите на лошата страна на оваа штетна навика.
1. Луѓето се здебелуваат откако ќе престанат да пушат.
Тоа е вистина но не целосно. Точно е дека луѓето откако ќе престаната да пушат се здебелуваат околу 4.5 килограми. Сепак и сите други луѓе се здебелуваат. Може да го избегнете здебелувањето со употреба на препарати кои се наменети за замена на никотинот. По важни се предностите по прекинот на пушењето, ризикот од цигарите е многу поголем од ризикот што со себе го носи зголемената телесна тежина. Но ако вие успеете да го прекинете пушењето можете и да ги намалите неколкуте килограми кои сте ги накачиле.
2. Ако се здебелам, нема да бидам привлечен/а.
Размислете. Прво непушачите ги сметаат пушачите за непривлечни. Второ, предвремено стареење, жолти заби, мирисот од чадот на цигарите, тоа е привлечно, атрактивно?
3. Пушењето смирува
Никотинот е стимулант. Смирувањето е последица од задволството што телото го чувствува кога му ја давате потребната доза на никотин. Постојат многу техники кои ќе ви помогнат да го намалите стресот откако ќе престанете да пушите.
4.Не можам да престанам со пушењето. Се обидувава но неуспешно.
Просечниот пушач има 5 до 7 обиди пред да ги откаже цигарите. Па продолжете да се обидувате.
5. Премногу сум стар да престанам да пушам.
Постарите пушачи имаат 50 % поголеми шанси да се откажат од пушењето , во споредба со било која друга возрасна група. Мудроста која доаѓа со годините може да биде добар помошник.
6.Не можам да си дозволам никотинска супституциона терапија
Како што можете да оделите пари секојденвно да купувате цигари, можете и да оделите пари и за терапја.
7.Јас сакам да пушам.
Запрашајте се колку е точно ова тврдење. Дали уживате во секоја цигара што ја пушите, или пак ја поврзувате со некој ритуали како што е јадењето или пак чашата алкохол? Но дали за тоа вреди да се ризикува здравјето?
8.Предоцна е веќе го оштетив телото.
Вашето тело започнува да се обновува 12 часа откако ќе престанете да пушите. Секој човек има придобивки откако ќе престане да пуши.
9. Ќе се чувствувам непријатно, ако престанам да пушам.
Сепак таа непријатност ќе помине со текот на времето. Ракот на белите дробови е многу понепријатен.
10. Мојата баба пушела цигари од 15 години, умре на 95 години од природна смрт. Никогаш не беше болна
Може да кажеме вашата баба имала среќа.Најголемиот број на пушачи започнале да пушат уште во тинејџерските години, а многу од анкетите кои биле извршени пока