Фиџи е прекрасен и убав архипелаг, кој се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Токму заради својата оддалеченост, тој е повеќе сон и мечта, отколку реална дестинација за многу луѓе. Фиџи се состои од 322 острови, а 100 од нив се ненаселени. Неговата престолнина е Сува, а главни острови се Вити Леву и Вануа Леву.Фиџи фасцинира со бескрајните бели песочни плажи, убавите островчиња, аѕурниот океан и неверојатниот подводен свет. За да навлезете во суштината на оддалечениот остров, откријте ги најинтересните факти за него: 1. Главниот град Сува е главното пристаниште на земјата. Порано, престолнина на островот бил градот Левука, но поради зголемувањето на бројот на населението дојде до промена на главниот град. 2. Фиџи е мултинационална држава. Таму се среќаваат претставници на сите светски религии и луѓе од сите краеви на планетата. Околу половина од населението на Фиџи е составено од коренити Фиџијци. 3. 40% од населението на Фиџи се луѓе од Индија. За време на колонизацијата на островот од страна на Велика Британија, голем број Хиндуси биле донесени во Фиџи. Околу 600.000 индиски робови биле донесени да работат на плантажи со шеќерна трска. 4. Домородното население на Фиџи и Индијците не се разбираат меѓусебно. Судирите на етничка основа не претставуваат реткост. 5. Генерално, островите се безбедни и никој не носи оружје. Дури и полицајците не се вооружени. 6. Два најголеми острови се Вити Леву и Вануа Леву. Нивното население претставува околу 80% од вкупниот број на Фиџијџите. На Фиџи вкупно живеат околу 893.000 луѓе. 7. Највисоката точка на Фиџи се наоѓа на островот Вити Леву. Тоа е планината Томаниви која е висока 1.322 метри. Сите планини во Фиџи се со вулканско потекло. 8. Островите на Фиџи се разликуваат едни од други, благодарение на разновидноста на нивната флора и фауна. Тоа се должи на различните климатски услови, изолацијата на некои од островите на архипелагот, како и поради геолошката структура на островите. Поголемиот дел од островите се покриени со густа вегетација. Има многу мангрови дрвја, како и гребени. 9. Народната кујна на Фиџи е крајно разновидна – индиски јадења, традиционална фиџијска храна, кинеска храна, а на некои места се среќаваат и предлози од европската кујна. Локалните жители знаат како да зготват јадења кои не се нудат на ниедно друго место во светот. Во Фиџи има голем број на деликатеси – од варени лилјаци, до корени и сурова риба. Некои од јадењата однапред се завиткани во лисја од банана, а потоа се варат во подземни печки. 10. Иако Фиџи е толку оддалечен од останатиот свет, земјата е многу цивилизирана. Таа има два меѓународни аеродроми, каде слободно можете да замените пари за локалната валута.Фиџи фасцинира со бескрајните бели песочни плажи, убавите островчиња, аѕурниот океан и неверојатниот подводен свет. За да навлезете во суштината на
Пронајдете не на следниве мрежи: