10 години од неуспешниот Референдум против срамната територијална поделба

Тешко ми е што го пишувам ова. После 10 години е уште погорко чувството отколку тој врнежлив 7-ми ноември. Денес, точно пред 10 години се одржа референдумот против новата територијална организација на Република Македонија. 10 години после тоа, само на најиндоктриниран слепец не му е јасно која катастрофа претставуваше тој закон. Ќе ме извините за неколкуте недолични изрази, но неможев да најдам поприземна формулација. За оние кои ќе се најдете повикани или навредени, однапред да ви кажам дека не чувствувам никаква потреба нити да ви се извинам, нити да се премислам или поправам. 10 години не’ следи оваа мачнина, толку е преџвакана и размислувана, така што тешко некаде да грешам. Да почнам од почеток.Таа фамозна територијална поделба произлегла од уште пофамозниот Рамковен договор од 2001 година со кој заврши фабрикуваниот конфликт кој имаше јасна цел: отцепување делови од Република Македонија по вооружен пат. За да се даде „цивилизирана“ димензија ги измислија „човековите права“ како изговор. Рамковниот договор и стави хендикеп на мојата земја, а нејзините граѓани (сите граѓани, без разлика) заложници на наметнати вештачки решенија кои произведуваат чкарт и неквалитет. Оттаму и законот за нова територијална прераспределба на Република Македонија.
Го најавија во 2004 година. Кичево и Струга организираа локални референдуми на кои граѓаните на овие општини во огромно мнозинство (над 90%), се изјаснија против припојување на руралните општини кон градовите. Тоа беше на самиот почеток на 2004 година. Тогашната власт ги игнорираше овие референдуми, иако локалните политички ограноци и на политичките партии, првенствено на ВМРО и на СДСМ се вклучија и ги поддржаа овие мини-референдуми.
Треба само да седнете пред картата на Република Македонија и да ја погледнете за која територија се работи „од Струга до Липково“, се ќе ви стане јасно што носеше тоа решение. Кичево и Струга беа камчиња во мозаикот кои бодеа очи на оваа територија, па оттаму и се најдоа (и се наоѓаат) на удар. Таквата територијална поделба не е за ништо друго создадена освен за пат кон федерализација и понатаму создавање на т.н. „Голема Албанија“ со отцепување на пикираните територии од Република Македонија.
Со законот кон Кичево и Струга се припојуваа уште неколку општини со кои двата града стануваа со мнозинско албанско население, а самите општини гломазни и тешки за управување, уште еден хендикеп за нивен развој. Нејсе.
Имам 2 големи причини поради кои бев (и сум) против овој закон:
1.Албанските партии во Македонија отсекогаш биле шовинистички, корумпирани и неспособни за водење на граѓанска политика. Со појавата на УЧК = ДУИ и екстремистички и милитантни. Нив апсолутно никогаш не ги интересирало ништо подалеку од нивната заедница, на никаква корист на останатите граѓани. За нив важи едничкиот, наместо граѓанскиот концепт. Се одликуваат со високо ниво на корумпираност, квазипатриотизам и непотизам. Интелектуалната мисла кај нив никогаш не пркнала и се држи во заложништво онака како што ја држат целата албанска заедница во Македонија, во строга послушност. Кој Албанец мисли поинаку од каузата (големоалбанската) и светогледите на партиите, лошо за него. Со оглед на ова, граѓаните на Кичево и Струга никогаш нема да добијат нормален, граѓански ориентиран градоначалник, а тој да е Албанец. 10 години потоа се гледа дека сум бил во право. За градоначалници имаме командант на УЧК во Кичево што се слика со калашникови, а Струга ја имаше криминалната битанга Рамиз Мерко и денешниов (за воља на вистината – лекар), Зијадин Села, не помалку екстремен во ставовивте.
2.Кичево и Струга станаа гломазни, пространи општини дел од урбан, дел од рурален тип. Администрирање на овие општини е голем и сложен процес, одзема ресурси, ги намалува капацитетите за одржлив локален економски развој и ред други недостатоци. И за ова бев во право. Струга и по 9 години неможе да стави ред во функционирање нити на јавните претпријатија, а Кичево едноставно е заглибано и незнае кај тера. Погледнете само колку е ажурно комуналното претпријатие откако „се спои“, се ќе ви стане јасно.
Тоа лето, 2004-та, организиравме дебати, трибини, здруженија, познати граѓани и интелектуалци (Гордана Сиљаноска-родена кичевчанка, Мето Јовановски, Никола Кљусев, Билјана Ванковска, Дарко Марковиќ, Јован Донев, Љупчо Николовски Фуфо, Исмаил Бојда…) ги предочуваа сите недостатоци на законот. Но арогантната и самобендисана централна власт на СДСМ си имаше агенда која мораше да ја одработи. Дополнително „меѓународната“ стоеше зад нив и отворено ги поддржуваше. Секакви обиди за разумно да се зборува за недостатоците на овој закон завршија со неуспех. Секоја чест на неколкуте исклучоци во тогашната власт кои јасно истапија против ова решение (Лилјана Поповска, Тито Петковски, Трифун Костовски, Цветле Јанеска, Кенан Хасипи, Нелко Стојаноски, Иван Стоиљковиќ…)
Потоа почнавме со протести, блокади на патиштата, се бркавме со полицијата цело лето која неретко добиваше наредба да не’ отстрани. Стружани и скоро да ја запалија онаа будалетинка Владо Бучковски кој арогантно во вестите на телевизија ги прозва дека се толпа хулигани. Подоцна специјалци претепуваа се’ што одеше на две нозе по струшките улици. Ова се случуваше на 22-ри јули.
Во Кичево го блокиравме патот кај касарнана и погоре од бензиската на Макпетрол во Горица, речиси секој ден по неколку часа, цело лето 2004-та. Кичевчани заборавија на партиските поделби. Дури и пратеникот на СДСМ од Кичево, Владо Илиески заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Китаноски, беше со нас на протестите, ветувајќи дека нема да гласа за законот. Илиески подоцна си го погази зборот и гласаше за срамниот закон. Неговите колеги од власта со потекло од Струга, Јанеска и Стојаноски гласаа против законот и си останаа на зборот.
Да остане запаметено, тогаш премиер беше Хари Костов, претседател на државата Бранко Црвенковски, Стево Пендаровски беше претседател на Државната Изборна Комисија. Главни фронтмени за законот и бојкот на референдумот беа Рамила Шеќеринска како министер за евроинтеграции, Владо Бучковски како министер за одбрана, Александар Гештаковски како министер за локална самоуправа, Никола Поповски како министер за финансии, Борис Кондарко како портпарол и Владимир Милчин како незаменлив прв човек на СОРОС-Македонија.
Се собраа потписи за организирање на референдум со цел овој закон да биде делегитимиран. Потписите се собраа за рекордно кратко време. И мојата маленкост заедно со уште многу млади учествуваа во оваа и подоцнежните акции. Имавме елан, го сакавме (и го сакаме) Кичево.
Референдумот се закажа за 7-ми ноември. И тогаш започна кампањата. Од една страна нашиот карван кој беше против новата територијална поделба, од другата на власта со кампања за бојкот на референдумот (и со екстремно моронски слоган „Некои прашања не заслужуваат одговор“), во содејство со СОРОС-Македонија. Како поддршка за тогашната власт, доаѓаа разно-разни типчиња од „меѓународната“ кои ни навиваа часовници и ни кажуваа дека не е во ред тоа што сме биле против законот. Тогаш ги видовме прв и последен пат овие фаци кои, нели, ни мислат „само арно“.
 
Шлагот на се’ беа изјавите на префарбаните терористи од  УЧК (сега ДУИ) кои се закануваа со нова војна ако им „рокне“ законот. Нив реално толку им беше и капацитетот, но беа галеничиња на „меѓународнава“, па истава и ги пушташе да си играат со вакви изјави… во името на „соживотот и меѓуетничките релаксирани односи“…
Целата ситуација во државата, иако напната, беше природна и нормална реакција на народот кој се чувствуваше загрозен по сопствената елементарна егзистенција. Граѓаните на анкетите се изјаснуваа со високи над 80% дека ќе излезат на референдум. Тогаш почнаа и притисоците и шашмите.
Власта на СДСМ прво спроведе хајка во сопствените редови за да ги дисциплинира прво своите. Потоа на секаков најдолен начин вршеше притисок врз сите останати граѓани со закани по работното место, инспекции, закани за оние родители чии деца студираа дека никогаш нема да завршат, претреси по домови, во мешаните средини каде локалните команданти беа главни фраери и со физички закани и сл. Главниот аргумент со кој СДСМ влезе во кампањата беше дека нема никогаш да сме влегле во ЕУ и НАТО ако законот не поминел.  Законот во таа форма да ги бил „Европски“ и никако поинаку. Какви глупости. Дали после тоа влеговме?!
Признавањето на САД на Македонија на 4 ноември 2004 година, во предвечерието на референдумот, беше одличен спин, на кој многу граѓани се фатија како кленови на дудинка. Вечерта претходно ние одржавме огромен митинг со 50 000 луѓе во центарот на Скопје.
Големиот сенароден митинг пред македонското Собрание за поддршка на Референдумот против територијалната поделба на Македонија, 3 ноември 2004 година. Клик на секоја слика за подобра резолуција.
Дојде и 7-ми ноември. Сив, врнежлив. Лошо време за излегување на гласачките места, особено за оние терсене луѓе. Полиција на секој чекор, доушници и кодоши, бележачи на секој ќош (и денес им ги памтам суратите). Претходните 2 дена кулминирале притисоците. И многумина решија да се борат под јорган планина тој ден и да не излезат на гласање. Да бидеме реални, си имаше и граѓани од другите градови кои баш ги заболе што ќе се случува со Кичево и Струга.  Излегоа 454.347 луѓе (26,58%), недоволно за референдумот да успее. Цензусот не беше постигнат и референдумот пропадна. Во секој случај им благодарам на сите кои излегоа.
Така се реши судбината, така беа продадени Кичево и Струга. Вечерта бев окапан, измрцварен и разочаран. Многумина беа такви. Таа битка ја изгубивме. Еби му мајката, барем излеговме на мегдан, денес ни е чиста совеста. Таа вечер расчистив со многу работи. И така до денес.
А, да! Да не заборавам да ги потсетам оние кои тој ден дисциплинирано си седеа дома, согласно препораките на партијата и „меѓународната“, а денес ломотат „кој го предал Кичево“. Тој ден се бранеше Кичево онакво какво што го памтевме. Од тој ден наваму „законски“ е продадено со пазар од шака функционери  од тогашната власт за нивни лични интереси. Е тоа „законски“ е тешка категорија која проклето тешко се сменува откако пропадна референдумот, а тогаш беше шансата која ние не ја искористивме. Вие не излеговте. Ќе треба тоа да им го објасните на вашите деца. Толку за „предавствата“.
Мене и на многу други на памет не ни паднало да се откажеме од борбата, а она Кичево кое сите го сакаме би било изгубено во оној момент кога ние самите би се откажале да го вратиме градот на прав граѓански пат – Кичево на сите и за сите. А за тоа требаат ладни глави, разум и единство какво што го создадовме лани за изборите. Без разлика на верска, национална и политичка определба. Да ги тргнеме поделбите и лудилото во кои не’ втурнаа пред 10 години. Тоа ни е должност кон идните генерации. Па вие сега видете. А неединството од 7-ми ноември повеќе никогаш да не се повтори!
Кичево.мкТаа фамозна територијална поделба произлегла од уште пофамозниот Рамковен договор од 2001 година со кој заврши фабрикуваниот конфликт кој имаше јас

Пронајдете не на следниве мрежи: