10 ГОДИНИ ШИРИМЕ ДОБРА МИСЛА: 10 ГОДИНИ КНИЖАРНИЦА ТРИ, Градски трговски центар

Книжарницата ТРИ на 5 октомври (понеделник) прославува десет години од своето отворање. Десет години во кои успеа да се наметне како центар околу кој гравитираат некои од главните книжевни и културни случувања во градот. Мисијата на ТРИ беше и остана – да ја шири добрата мисла!Книжарницата ТРИ денес е дом на повеќе од 10.000 оригинални изданија, македонски и странски, а семејството на читатели кои редовно ја посетуваат брои над 15.000 членови. Уште од самиот почеток, водејќи се од идејата да понуди едно поинакво искуство, ТРИ понуди уникатен избор на книги, средби со автори и дискусии, акции и промоции.
Книжарница ТРИ е точка во која вљубениците во книгата за прв пат се среќаваат со најквалитетните изданија од книжевноста, уметноста, филозофијата, архитектурата и дизајнот, со најпопуларните македонски автори. Во изминатите години, преку сите свои активности, ТРИ успеа да анимира голема читателска публика и да го одржи, но и да го зголеми интересот за книгата.
Прославувајќи го овој исклучителен јубилеј, Книжарница ТРИ организира еднонеделна забава за своите читатели, од 5 до 10 октомври. Роденденската недела ќе ја прославиме со специјални, роденденски цени, ретроспектива на сите клучни настани и изданија од изминатите 10 години, заедничка средба со сите наши автори, како и многу изненадувања и подароци.
Ги покануваме сите вљубеници во книгата да поминат од понеделник во Книжарницата ТРИ, да го прославиме заедно овој многу важен јубилеј за нас. И секако, продолжуваме да шириме добра мисла!Книжарницата ТРИ денес е дом на повеќе од 10.000 оригинални изданија, македонски и странски, а семејството на читатели кои редовно ја посетуваат бр

Пронајдете не на следниве мрежи: