10 начини да се справиме со лагите кои си ги кажуваме себеси

Ниското ниво на самодоверба и несигурноста често не тераат самите да се убедиме дека за нешто не сме способни. Не попуштајте им на таквите лаги. Победете ги со помош на овие 10 лесни методи. 
1.Престанете да се лажете кога утробата и главата ве предупредуваат за тоа.
Чувствувате напнатост во стомакот кога се обидувате да се излажете. Исто така на некоилуѓе и вилицата помалку им се вкочанува кога се обидуваат да лажат. Во овие моменти треба да ги препознаете овие знаци и да престанете со зборување, бидејќи само ќе се впуштите во лага.
2.Престанете да се лажете така што ќе се соочите со проблемите.
Не бегајте од проблемите мислејќи дека не сте им доволно дораснати на работите за да ги решите. И не посегнувајте по храната. Таа само ќе ви создаде проблем плус. И не трошете реме гледајќи тажни филмови и слушајќи депримирачка музика. Охрабрете се и обидете се повторно што и да сте направиле.
3.Престанете да се лажете и искрено поставете си ги тешките прашања.
Сериозно запрашајте се дали си верувате на себе? Дали имате доволно капацитет за некои работи? Дали верувате дека ќе успеете? Не бегајте од овие прашања. Така само го одложувате соочувањето со проблемите, а тие само се трупаат и трупаат.

 
4.Престанете да се лажете и станете си на себе најголем сојузник.
Сите сакаме некој од страна да ни го храни егото и да ни вели дека сме добри, прдуктивни и сакани. Но, џабе се и милиони луѓе кои ќе ни го кажуваат тоа доколку ние самите не си веруваме. Затоа нека вашето јас ви биде најдобар пријател и сојузник и нека ви помогне да зајакнете и да станете подобра личност.
5.Престанете да се лажете и уѓивајте во околината.
Постои една психолошка техника пр која се замислувате себеси во еден балонод кој го гледате светот. Гледајте го напред патот што ве чека и прецртајте ги со огромен икс местата кои сметате дека ве унесреќиле. Имајте чиса визија за иднината и оставете го минатото во минатото.
6.Престанете да се лажете и надградувајте си ги предностите, а не слабостите.
Ако потфрлите на некое поле, не очајувајте. Ако не успеете на пример, во готвење, речете си: „Па добро, можеби сум добар во сликање“. Секогаш стремете се кон истакнувањето на вашите добри страни и вештини, и не дозволувајте вашите слабости да го земат најдоброто од вас.
7.Престанете да се лажете и заземете соодветна телесна положба.
И говорот на телото е многу важен за да оставите впечаток на цврста, стабилна и сигурна личност. Држете се исправено, повлечете ги рамењата и нека не ви шета погледот.

 
8.Престанете да се лажете… победете ги лагите!
Во моменти кога вашата самодоверба ви е разнишана, погледнете и на лагата в лице. Кажете си дека немате време за критиките и дека ќе се справите со нив тогаш кога ќе посакате, но не ги заборавајте сосем. Ниедна негативна карактеристика нема да исчезне ако не вложите напор во тоа.
9.Престанете да се лажете и дајте повеќе значење на вашиот раст и развој отколку на тоа да имате некакво значење.
Не грижете се за тоа што мислат вашите колеги, вашиот шеф или вашите пријатели за вас. Премногу размислување за тоа не е на арно. Само ќе ве затвори во круг во кој постојано ќе си барате маани кои морате да ги поправате. Фокусирајте се на вашиот личен напредок. Дури и кога ќе го дадете најдоброто, верувајте дека можете и уште подобро.
10.Престанете да се лажете и оставете го минатото зад вас.
Најефикасен начин на созревање во подобра личност е простувањето и заборавањето на омразата. Сите грешиме, луѓе сме, но обидете се да ја избришете омразата од вашето срце и оставете ги проблемите во минатото. Не вреди да се грижите за нешто што е одамна завршено. Погледнете пред вас и тргнете напред.
  
1.Престанете да се лажете кога утробата и главата ве предупредуваат за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: