Нашите паметни телефони ги користиме во текот на целиот ден, па би било практично кога најважните информации би ни биле веднаш достапни. Заради тоа, решивме да направиме листа на најдобрите 10 lockscreen апликации..1. Cover Lock Screen
Иако сеуште е во бета, оваа апликација е навистина одлична. Имате листа на шорткати која можете да ја персонализирате или веднаш да ги одберете вашите најкористени апликации. Листата може автоматски да се менува според вашата локација – на пример додека сте дома и додека сте на работа.
Симнете ја
2. Echo Notifications
Како што имплицира и самото име, оваа апликација има за цел да ги поедностави нотификациите. Можете да ги отворите со еден клик или да „лизнете“ надесно за да ги исклучите.
Симнете ја
3. Sparky
Sparky се фокусира на визуелната презентација. Со огромен број на рачно-нацртани теми, можете да го претворите вашиот lockscreen во вистинско ремек-дело. За жал, апликацијата не поддржува заклучување со PIN или pattern.
Симнете ја
4. LokLok
Ова не е стандардна апликација за вашиот екран. Накратко, го трансформира lockscreen-от во канвас за цртање за вашите пријатели, така што кога ќе го вклучите телефонот, можете да видите што ви нацртале и испратиле тие.
Симнете ја
5. Locket
Ова е апликација за оние кои ги сакаат сите информации на едно место. Locket учи за вашите интереси и потоа ви презентира релевантни статии на вашиот екран.
Симнете ја
Повеќе на: gsm.mk1. Cover Lock Screen
Иако сеуште е во бета, оваа апликација е навистина одлична. Имате листа на шорткати која можете да ја