10 најголеми перспективи и верувања на успешните луѓе- II дел

Неверојатно успешните луѓе споделуваат голем број на перспективи и верувања.Првите пет верувања и перспективи на успешните луѓе ги претставивме во ПРВИОТ ДЕЛ
Продолжуваме со вториот дел од нивните мотиви и верувања…
6.„Јас не сакам изградам моментални мрежи. Јас сакам да градам долготрајни врски. ”
Вам ви требаат вистински врски: луѓето на кои можете да им помогнете, луѓе кои можат да ви помогнат и на вас.
Посегнете кон луѓе кои сакаат да бидат дел од вашиот живот, дури и ако е тоа се однесува само на професионалниот живот.
Градете трајни врски и создадете едно големо професионално семејство. Вие ќе бидете таму, кога на нив нешто ќе им треба … и тие ќе бидат таму кога вам ќе ви бидат потребни.
7. “Стратегија е важна, но извршувањето е сè.”
Стратегијата развива идеја. Поставува рудиментиран систем на работење.Извршете едно адаптирање и изградете една солидна стратегија за работа која ќе ви помогне во тоа што го работите.
Успехот не е изграден врз стратегијата. Успехот е изграден преку извршувањето на работите.
Затоа, неверојатно успешните луѓе се фокусираат на извршувањето на своите работи.

8. „Вистинското лидерство се мери во години, ни во моменти“.
Лидерите не се само луѓе кои ќе ја удвојат цената на акциите само во последните шест месеци, или луѓе кои се доволно храбри смело да одат каде што претходно нема поминато човек.
Неверојатните лидери доследно инспирираат, мотивираат, и прават луѓето околу нив да се чувствуваат подобро, а потоа резултатите сами си доаѓаат.
9.”Работата е на прво место. Платата доаѓа подоцна.”
Сте слушнале ли некој некогаш да каже, “Ако добив унапредување, тогаш треба да работам понапорно”? Или “Ако клиентот плаќа повеќе, тогаш јас би работел повеќе”? Или: “Ако имам поголема плата, ќе бидам подготвен да се жртвувам повеќе”?
Повеќето луѓе очекуваат да бидат компензирани повеќе пред тие да направат нешто повеќе.
Без разлика дали наградата е финансиска, лична, или едноставно задоволство што доаѓа од постигнувањето на она што сте го работеле макотрпно, вистинските лидери и успешни луѓе продолжуваат да работат со силен напор и не очекуваат премногу предвреме. Секогаш може подобро и секогаш може да се постигне повеќе. Тоа е нивното мото.
10.„Јас можам и ќе направам историја“
Креирајте си своја историја.
Можете да направите мала промена во вашата индустрија. Или можете да направите мала промена во својата професија.
Може да бидете во првите редови на помали или поголеми промени во вашиот живот и кариера. Вие само треба да бидете подготвени да пробате нешто ново.Првите пет верувања и перспективи на успешните луѓе ги претставивме во

Пронајдете не на следниве мрежи: