За женската публика овој жанр на филмови е симбол на совршена љубов, приказните кои се случуваат во нив се како сон по кој копнеат, и приказна која сакат да ја доживеат со својата половина. Додека за дел од мажите овие филмови се само досада, каде нивните девојки ги бришат солзите и им зборуваат како треба да го погледнат главниот лик од филмот – кој се би направил за својата девојка. Меѓутоа кога сето ќе сумира , несомнено е дека постојат и филмови кои на свој начин ја обележаа претходната деценија со својата шарманта приказна и квалитетна актерска екипа. Погледнете кои се десетте најдобри…
Vicky, Cristina,Barselona (2008)
По некое непишано правило на сите листи за најдобри филмови , на прво место е филм на Вуди Ален. Приказната следи две млади Американки: Вики (Ребека Хол) и Кристина (Скарлет Јохансон), кои во Барселона доаѓаат на летен одмор. Вики е чувствителна девојка, која наскоро треба да се омажи, додека Кристина спаѓа меѓу вистинските емоционални и сексуални авантуристки. Во главниот град на Католонија, тие влегуваат во серија неконвенционални романтични игри со хризматичниот сликар Хуан Антонио (Хавиер Бардем), кој се уште одржува врска со неговата темпераментна поранешна сопруга Марија Елена (Пенелопе Круз)… Сите овие личности и настани се сметени во прекрасниот медитерански амбиент на Барселона.
Something Borrowed (2011)
Филмот „Нешто позајмено“ е американска романтична комедија од 2011 година којашто се базира врз истоимената книга од Емили Гифин, во режија на Лук Гринфилд, а улогите ги играат Џенифер Гудвин, Кејт Хадсон, Колин Еглисфилд и Џон Красински – и е во дистрибуција на „Warner Bros“.
The Proposal (2009)
Во оваа романтична комедија Сандра Булок глуми немилосрдна шефица, на која и истекува зелената карта за работа во Америка. За да ја избегне депортацијата од земјата, таа сака да исценира брак со својот асистен, кој го глуми Рајан Рејнолдс…
Something’s gotta give (2003)
Во оваа романтична комедија, Jack Nicholson глуми стар “мачор“ кој се забавува со девојки под 30 години. Тој прилично ужива во својот живот додека не наиде на мајката на една од неговите избранички, чијашто улога ја игра Diane Keaton…
Crazy, stupid, love (2012)
Филмот прикажува интересни, смешни, љубовни и романтични сцени. Кал (Стив Керол) и Емили (Џулијан Мур) имаат совршен заеднички живот искусивајќи го својот американски сон.. се додека Емили не побара развод. Тогаш Кал треба да управува со својот ергенски живот со малку помош од својот пријател и Јакоб Палмер (Рајан Гослинг)…
Bridget Jones’s Diary (2001)
Бриџит Џонс (Рене Зелвегер) е просечна жена која се справува со возраста, тежината, со работата, со тоа што нема момче, и многу други несовршености. Едно утро се буди со својот шеф, по бурната ноќ помината во пиење и лудување. За да си ги среди мислите, чувствата и ставовите ќе почне да пишува дневник, па ќе видиме што ќе избере понатаму во животот.
Love Actually (2003)
илмот „Љубов, всушност“ на Ричард Kертис е прогласен за најромантично остварување на сите времиња според анкетата што ја спроведе интернет-страницата „Лавфилм“. Во филмот, во кој се преплетуваат неколку љубовни приказни, играат Хју Грант, Ема Томпсон, Лијам Нисон, Kолин Фирт, Алан Рикман, Kира Најтли и Бил Нај.
How to Lose a Guy in 10 days (2003)
Кејт Хадсон е колумностка во популарно женско списание, додека Метју Меконахи работи во маркетингот. За да ја спаси својата другарка од отказ, Кејт прифаќа да напише статија за класичните грешки кои девојките ги прават во врските…Додека пак Метју за да ја добие рекламата за фирма за дијаманти, мора да натера некоја девојка да се заљуби во него..
Marley & Me (2008)
Филмот е направен според истоимената книга на Џон Гроган напишана врз сопствената животна приказна. Токму оваа книга привлече милиони читатели со својата топлина и универзалната тема за бракот и семејниот живот. Самиот автор има изјавено дека по издавањето на книгата, му пристигнале илјадници писма од луѓе од најразлични страни од светот кои ја пронашле својата животна приказна во книгата. Џон (Овен Вилсон) и Џени (Џенифер Анистон) Гроган по венчавката започнуваат нов живот на Флорида. Се треба да оди со ред, онака како што е запишано на листата на Џени – венчавка, работа, куќа… па, така на ред доаѓа дете. Меѓутоа прво се одлучуват за лабрадорот Марли….
40 Days and 40 Nights (2002)
Лесно е да се рече, но тешко е да се апстинира од сексуалниот живот и тоа цели 40 дена. Откако Мет (Џош Харнет) ќе се раздели од Никол и ништо нема да му биде возбудливо ќе реши да го почитува постот- ќе се воздржува дури и од бакнување, но токму тогаш ќе се појави вистинската страствена љубов…
За женската публика овој жанр на филмови е симбол на совршена љубов, приказните кои се случуваат во нив се како сон по