По започнувањето на одбројувањето на десетте нешта кои ги издвојуваат интуитивните луѓе од останатите, следува вториот дел од опишувањето на нивните способности и дарби.Тие набљудуваат и забележуваат се
Првото нешто што се прави е да се забележи. Водете еден дневник во кој ќе бележите сите необични работи кои ќе ви се случуваат.
Ќе се стекнете со добро чувство за тоа кога интуицијата за случајност, за изненадувачки поврзувања или пак за фокусирање го презема кормилото. Со други зборови, генерално ќе ја подобрите интуицијата.
Си ги слушаат телата
Дали некогаш сте почувствувале болка или лошење без да знаете од која причина? Тоа е еден начин вашата интуиција да ве предупреди за нешто.
Овие чувства се поврзуваат со стомакот, бидејќи научно е докажано дека емоциите и интуицијата можат физички да се манифестираат во тој дел од телото.
Длабоко се поврзуваат со другите луѓе
Иако читањето мисли делува како нешто маѓично и нереално, сите ние тоа го правиме секој ден. Во психологијата, тоа се нарекува емпатична прецизност, и се дефинира како способност да оформиме ментална слика за човекот преку читање, толкување и вклопување во една слика на неговите зборови, движења и емоции.
На пример, кога гледате како по нечија нога ползи пајак, вие го добивате истото чувство. Кога некој пробува да допре до пријателот но е оттргнат назад, и вие ја чувствувате таа одбивност.
Вклучувањето на вашите емоции и набљудувањето и слушањето на другите лице в лице може многу да ја зголеми вашата способност за емпатија и вашата интуиција.Тие набљудуваат и забележуваат се
Првото нешто што се прави е да се забележи. Водете еден



