Паузите за ручек се многу важни за одморање, развивање на креативноста и склучување на важни бизнис договори. Некои луѓе велат дека одредени активности за време на ручек може да ве направат попродуктивни. Еве што славните прават додека уживаат во ручекот.1.Не седат зад работното биро
Така е, тие одат надвор од работното место да ручат. Многу е важно да не седите предолго, па дури и мала прошетка до соседната просторија за да јадете би била одлична.
2.Одат надвор
Прошетка во паркот може многу да помогне во ревитализирање на телото и умот по напорно работно претпладне. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време во природа даваат подобри резултати на тестовите за меморија и внимание.
3.Вежбаат
Стив Купер, главниот човек на магазинот Хитч, вели дека за време на паузата за ручек излегува да трча надвор. Можеби звучи тешко, но тој вели дека по трчањето се чувствува полн со енергија и дека умот му работи подобро, па може да се врати на работа.
4.Читаат
Тор Мајхерн вели дека е многу продуктивно тоа да читате за време на паузата за ручек. Колку повеќе информации впивате, толку поверојатно е дека мозокот ќе се преоптерети со инспирации и идеи, штое одлично за вашата продуктивност на работното место.
5.Јадат здраво
Истражувањата покажаа дека луѓето кои се држат до здравата храна и правилната исхрана се 25% поефективни на работното место од оние кои се хранат нездраво.
6.Не се прејадуваат
Прејадувањето предизвикува зголемено лачење инсулин, кој го намалува шеќерот во крвта, поради што телото работи многу побавно. Ќе ви биде вистински предизвик да се вратите на работа по некој навистина обемен ручек.
7.Јадат со колеги и пријатели
Ручекот е исто така и социјална активност. Тежнејете кон тоа да не јадете сами, бидејќи за време на ручекот се водат интересни разговори, кои ве зближуваат со колегите, пријателите и други.
8.Понекогаш ручаат и со „непријатели“
Ручекот може да биде и одличен момент да пребродите некои недоразбирања со ривалите. Ричард Бренсон, главниот човек на Вирџин Атлантикс, раскажува како преку обичен ручек разрешил недоразбирање со директорот на Бритиш Еарвејс.
9.Слушаат музика
Слушањето музика е одлично за време на ручек, бидејќи претставува еден вид „ментална дистракција“, односно ви го одвлекува вниманието од проблемите, и прави да се одморите.
10.Дремнуваат
Луѓе кои преспиваат барем половина час најдобро се одмораат. Од оваа причина Ариана Хафингртон, основачката на Хафингтон Пост, направила соби за дремка во својата редакција. Таа вели дека енергијата на вработените и е најважна, и дека не е најважно колку тие седат на работното место, туку колку се одморени и посветени на работата.
1.Не седат зад работното биро
Така е, тие одат надвор од работното место да ручат. Многу е



