Колку ли пати треба да слушнеме една иста работа во поинаква форма додека не не допре и не сфатиме што всушност значи? Ви издвојуваме не една, туку дури 10 такви нешта.1. Просечниот човечки век е краток
Сите си знаеме дека кога-тогаш, смртта ќе дојде по нас, но и покрај тоа сознание се изненадуваме кога некој наш близок умира. Сите очекуваме на скалата наречена живот да има скалило повеќе. Затоа живејте, луѓе. Животот е краток, и не дозволувајте убавите моменти со блиските да ве одминат.
2. Ќе го живеете животот онаков каков што ќе го направите самите
Вашиот живот е само ваш. Другите може да ве убедуваат, но не и да одлучуваат за вас. Затоа, секогаш знајте што сакате и како да го постигнете тоа. Правете го тоа што ве прави среќни. Подобро е да сте на дното на скала по која сакате да се искачите, отколку на врвот на скала по која не сте сакале да се искачите.
3. Да се биде зафатен НЕ ЗНАЧИ исто што и да се биде продуктивен
Сите се жалиме од пренатрупаните обврски на нашите распореди, но сетото тоа се должи на неволност, неорганизираност и незнаење кога треба да се каже не. Презафатените луѓе се постојано врзани за работата и немаат време да се наспијат доволно, или пак да се подружат со семејството. Попусти се 8 часа работа ако ниту еден не е креативен и продуктивен.
4. Пред секој успех се случува некаков неуспех
Некои грешки се неизбежни, затоа прифатете ги. Не е проблем да згрешите, но проблем е ако не анучите ништо од грешките. Ако с еплашите од неуспех, сметајте дека никогаш нема ни да успеете. Некогаш некои работи треба да тргнат наопаку за се да биде добро на крајот.
5. Да се мисли и да се делува се различни работи
Попусто го имате сето тоа знаење ако никаде не го практикувате и применувате. Успехот нема да дојде кај вас ако само седите и размислувате како да успеете. Затоа засукајте ги ракавите и фатете се за работа.
1. Просечниот човечки век е краток
Сите си знаеме дека кога-тогаш, смртта ќе дојде по нас,



