10 одлични трикови: Еве како да уживате во омилената храна а сепак да внесете малку калории!

Најдобриот начин за слабеење  е да согорите што повеќе калории него што внесувате. Потребно е да вежбате и да јадете помалку. Но, секако кој држел диета знае дека не е секогаш лесно да „се јаде малку“.Среќа постојат трикови кои ќе ви помогнат да уживате во храната, а да внесувате помалку калории.
1. Ограничете се
Кога ви се јаде чипс или некои други грицки, немојте само да ја зграбите ќесата и да изедете се што е во неа.  Ставете го чипсот во мала чинија и задржете се само на неа. На тој начин ќе знаете колку точно сте изеле, а тоа што останало во ќесата можете да го дадете на некој друг или пак да го изедете друг пат.
2.  Допуштете му на приборот за јадење да се одмори
Деновите кога сте премногу зафатени и едвај стигнувате да јадете, па затоа јадете набрзина и често се случува да се прејадете, бидејќи на мозокот му е потребно малку време да сфати дека сте сити.  Пробајте да ја џвакате полека храната и обратете внимание на ова што ви го говори сопственото тело.
3. Секогаш јадете пред да излезете
Ако одите на журка или во ресторан каде ќе дојдете во искушение да се прејадете, па затоа јадете нешто пред тоа. На тој начин ќе можете полесно да и одолеете на храната и да се однесувате порационално кога ќе ви ја принесат.

4. Јадете повеќе пати на ден по помали оброци
Познато е дека шест мали оброци на ден можат да помогнат во регулацијата на крвниот притисок и го скротуваат гладот. Некои луѓе преферираат овој метод, додека други сакаат да држат доо три оброка. Експериментирајте за да видите што функционира кај вас.
5. Не дозволувајте ништо да ви смета
Една нова студија открила дека што повеќе време поминувате пред телевизорот,  јадете понездрава храна а и често се прејадувате. Додека јадете, немојте да гледате телевизија, а избегнувајте го и телефонот и компјутерот. Така ќе знаете колку точно сте изеле.
6. Пијте вода
Многу е лесно да се помеша гладта и жедта, па трудете се да пиете доволно вода. Ако мислите дека не сте навистина гладни, најпрвин испијте чаша вода и почекајте неколку минути. Ако сте биле жедни ќе ви се скроти жедта. Исто така, откриено е и дека ако пиете вода непосредно пред оброкот,  ќе јадете помалку.

7. Слушајте го вашиот стомак
Лесно е да го распоредите својот оброк спрема саатот и времето, но тоа всушност значи дека понекогаш јадете и кога не сте гладни. Поради тоа што сме навикнати да јадеме во одредено време, често не знаеме да одредиме кога навистина сме гладни. Наместо да го пратите саатот, послушајте го својот стомак.
8. Не морате веднаш се да изедете
Не морате да изедете се што ви е во чинијата.  Штом ќе се почувствувате сити станете. Она што ќе ви остане, оставете го за покасно и довршете го кога повторно ќе огладнете.
9. Далеку од очи далеку од уста
Ако ја држите храната на видно место, секако онаа која ви е најмногу примамлива, ќе бидете под големо искушение да ја изедете. Тргнете се што ве доведува во искушение на вашата полица. Полесно ќе ви биде да избегнете едно искушение ако не гледате во него.
10. Јадете од помали чинии
Обемот на чиниите се зголемува од година во година, а со самото тоа и обемот на струкот. Ако јадете од поголема чинија најверојатно и повеќе ќе изедете. Јадете од помала чинија за да го измамиме вашиот мозок и очи.
 Среќа постојат трикови кои ќе ви помогнат да уживате во храната, а да внесувате помалку калории.
1. Ограничете се

Пронајдете не на следниве мрежи: