10 Откритија кои го променија начинот на кој гледаме на сексот!

Истражувањата на Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон, првите сексуални пионери, од 50-те до 70-те години од минатиот век, го сменија начинот на кој гледаме на сексот. Нашето разбирање за сексот додатно е созреано во последните 50 години, но ништо од тоа не би било можно без овие револуционерни откритија од најраните сексуални експерти.1. Постојат 4 фази на човечки сексуални одговори
Мастерс и Џонсон биле многу познати поради теоријата во врска со сексуалните реакции – возбуда, оргазам и резолуција. Човечкиот „сексуален циклус на реакција“ бил објавен во 1966 година во неговата книга „Човечка сексуална реакција“.
2.Жените се способни за повеќекратни оргазми
Мастерс и Џонсон во текот на истражувањата помеѓу мажите и жените, научиле дека жените се способни за повеќекратни оргазми. Тимот дошол до заклучок дека жените може да доживеат пет или шест оргазми во текот на неколку минути, додека на момците им е потребен период на одмор од саат време после секој доживеан оргазам.
3.Хомосексуалноста не е ментална болест
Во книгата на Мастерс и Џонсон која е објавена во 1979 година, ја откриле идејата дека хомосексуалноста е ментална болест. Се до 1973 година, хомосексуалноста е класифицирана како ментално нарушување од страна на Американската психијатриска асоцијација.
4.Мастурбацијата не предизвикува болест и лудило
Пред 20-от век, голем број на американски лекари гледале на мастурбацијата како на опасен сексуален акт кој може да доведе до болест. Судејќи по книгата „Секс и човечка љубов“, која ја објавиле 1988 година, мастурбацијата својата репутација ја стекнала благодарение на швајцарскиот доктор Тисоу, кој верувал дека мастурбацијата е посебно опасна форма на секс, која е толку привлечна и со неа може да се започне во раните години од детството, и поради тоа може да доведе до оштетување на нервниот систем.
До моментот кога Тисовата теорија стигнала до Америка, големиот број на лекари сакале да веруваат во теоријата дека мастурбацијата предизвикува лудило, епилепсија, акни, губење на тежината, намалување на менталниот капацитет, слабост и крајна казна – смрт, наведуваат Мастерс и Џонсон.
5.Голем број на луѓе мастурбираат
Истражувањата на Матерс и Џонсон потврдиле дека мастурбацијата е вообичаена, а во нивната книга од 1948 година, под името „Сексуално однесување кај мажите“, покажало дека 92 посто од мажите мастурбираат.

6.Всушност, сите мастурбираат
Нивниот претходник, Алфред Кинси, во 1953 година во своите истражувања открил дека 62 посто од жените исто така мастурбираат.
7.Сексот пред брак не е толку необичен
Кинси рекол дека меѓу 67 и 98 посто од мажите имале секс пред бракот, во зависност од нивниот социо-економски статус, додека 50 посто од жените го правеле истото.
8.Жените го достигнуваат својот сексуален врв во триесеттите
Судејќи по Кинси, момците својот сексуален врв го достигнуваат пред дваесеттата година, додека жените својот сексуален врв го достигнуваат во триесеттите години. Неговото истражување било засновано на зачестеноста на оргазми и сигурно кореспондирало со нивото на хормони (момците лесно се возбудуваат во своите тинејџерски години поради зголеменото ниво на тестостерон, додека нивото на естроген кај жените почнува со опаѓање после педесеттите години). Идејата денес е сите да го достигнуваат врвот во секс на исти години, но се чини застарена кога ќе се земат во предвид физичките и емоционалните фактори.
9.Брз третман за сексуална дисфункција
Пред 1970 година, сексуалната дисфункција, како прерана ејакулација или импотенција, биле третирани со долгорочна психотерапија. Мастерс и Џонсон развиле интензивна терапија која се базирала на двонеделна терапија, а притоа не се користат лекови или оперативни техники. На овие сесии присуствувале парови, не индивидуи, кои учеле како да комуницираат за проблемите од спалната соба. Овој метод бил успешен 80 посто.
10.Не постојат години, кои после нив исчезнува сексуалната способност
Мастерс и Џонсон се првите кои го спровеле истражувањето, кое се бавело со начинот на кој постарите луѓе функционираат во текот на секс. Тие откриле дека мажите и жените во седумдесеттите години сеуште биле во можност да постигнат оргазам.1. Постојат 4 фази на човечки сексуални одговори
Мастерс и Џонсон биле многу познати поради теоријата во врска со сексуалните реакции &ndas

Пронајдете не на следниве мрежи: