10 причини зошто треба да медитирате

Ви откриваме 10 доста добри причини зошто треба да дадете шанса на медитацијата…Во последно време многу луѓе ја практикуваат оваа древна вежба, поради револуционерното влијание кое го има врз нивните животи!
Медитацијата е создадена за сите
Не постои особа која не е способна за медитација и која нема да има корист од неа. Како и јогата, медидацијата може да ја практикуваат сите култури, религии и професии.
Не морате воопшто да го менувате својот животен стил
Не, не треба да се посветите на медитацијата во тишина. Иако постојат одредени традиционални медитации каде се медитира по неколку часа непрестано, или пак се оди во тишина на подолг период – доволно ни се само 20 минути дневно за постигнување на резултатот.
Вистински е популарна
Порано луѓето кои медитирале, биле сметани за чудаци. Денес, медитацијата и јогата се пополурани од кога било.
Секоја вежба е важна
Мислите дека нема да имате доволно време? Важно е да си направите добар распоред и да се придржувате. Бидете сигурни дека ќе имате корист од секоја вежба.
Усовршувањето не е неопходно
Добра вест за почетниците: дури и промашената медитација е успешна! Ако многу работи ви се вртат во памет, најважно е на крај, барем на неколку минути да заборавите и да се посветите на медитација.

Ќе забележите разлика
Почетниците кажуваат дека веднаш чувствуваат зголемена енергија, мир и спокоен ум – и тоа по првата недела.
На сите им е потребен одмор
Ова особено се однесува на млади луѓе кои се постојано активни. Затоа е потребно да се одмори.
Тоа е моќна превентивна метода
Многу луѓе се решаваат за медитација кога им е потребна промена во животот. Токму затоа е потребно да се практикува медитација, како превентивна метода за да се спречат сите лоши последици од брзото темпо на живот.
Поддржана е од научниците
Дури и научниците истражувале за ефектот на медитирањето. Заклучиле дека има значајно влијание на нашата биологија и психологија. Го намалува стресот и анксиозноста, ја зголемува енергијата, го остри умот…
Тоа е рутина како и секоја друга
Мора да издвоите малку време во текот на денот и да се посветите на редовна медитација, за да ви стане навика и да прерасне во рутина. По тоа, се ќе биде полесно и ќе забележите позитивна физичка и психичка промена!Во последно време многу луѓе ја практикуваат оваа древна вежба, поради револуционерното влијание кое го има врз нивните животи!
Мед

Пронајдете не на следниве мрежи: