10 работи кои можете да ги научите од неговите поранешни девојки

Проблеми во рајот? Малку премотајте го филмот до неговите поранешни девојки, сешто можете да научите од тоа за своето момче 1. Дека е (прикриено) отворен за модни совети. Впрочем, обичната маица со натпис не ја заменил со модерна кошула без сериозна помош од некоја девојка!
2. Не успеала да го убеди дека неговото рчење е застрашувачко. Или можеби “модел” како него оди заедно со тампони за уши.
3. Никогаш не бил во врска во која го терале почесто да се капе. Вие морате тоа сега да го промените.
4. Не му позајмувајте од вашите CD – иња: сеуште има голем дел од колекцијата на неговата поранешна девојка, затоа што никогаш не и ги вратил.
5. Ако неговите пријатели имале смешен прекар за неа, веројатно ќе имаат и за вас. Не се навредувајте, туку бидете креативни и возвратете им со подеднакво смешни прекари.
6. Не бил до крај „загреан“ за неа, но за вас е 100 процени!
7. Колку и да е сладок неговиот брат, ваква јавна констатација може да предизвика само проблеми. Тоа поранешната не го знаела.
8. Таа му зборувала дека наутро по будењето е неподнослив. Вие сега му зборувате дека наутро по будењето е неподнослив. Зар не ги приметува истите коментари?  
9. Не дозволувајте да испиете некоја чаша повеќе кај неговите родители – тетка му сеуште зборува како неговата поранешна девојка исипала вино на новиот килим.
10. Никогаш не му кажала дека кујнските ракавици се лош роденденски подарок, но и навреда. Вие направете го тоа.1. Дека е (прикриено) отворен за модни совети. Впрочем, обичната маица со натпис не ја заменил со модерна кошула без сериозна помош од некоја девој

Пронајдете не на следниве мрежи: