10 Работи кои треба да ги знаете пред да се смувате со бисексуалец!

Пред да стапите во врска со бисексуалка, треба да знаете неколку работи!Кога ќе разберат дека девојката е бисексуалка, некои мажи помислуваат дека е лесно да ја наоговорат за секс во тројка, други пак се плашат дека не треба да се плашат само за евентуално неверство со мажи туку и со девојки, додека трети се само збунети.
1. Да, нејзе навистина ја привлекуваат и девојки и мажи
Нема потреба постојано да ја прашувате дали е навистина бисексуалка. Тоа може да биде навистина непријатно.
 2. Нема да ве изневери само поради тоа што е бисексуалка
Тоа би било како да кажете дека некој ве изневерил само затоа што имал плави очи. Дали знаете колку луѓе имаат плави очи? Премногу, а и луѓето кои се бисексуалци ги имаат.
 3. Не поминуваат низ фаза
Многу луѓе грешат кога мислат дека бисексуалноста е пропратна станица па ќе решат дали ќе бидат геј или хетеро. Но тоа не е така. Луѓето кои се бисексуалци најчесто остануваат бисексуалци до крај на животот.
 4. Не ја привлекува секоја личност која ќе ја погледне
Ова често го помислуваат мажите, но не треба да се грижите. Тоа што ги привлекува луѓето кај двата пола, не значи дека нема да ви биде верна.
 5. Најчесто мора да собере храброст да ви признае дека е бисексуалка
Еден од причините за загриженост е дека мора да ви го раскаже целиот свој живот за да ви објасни зашто и се допаѓаат мажите и девојките за да не помислите дека е ненаситна.
За жал, нејзината загриженост потекнува ор претходните искуства со другите партнери, така да немојте и вие да бидете еден од нив.

6. Не може да ви одговори на прашањето колку проценти е геј, а колку стрејт
Зошто воопшто би барале од неа својата сексуалност да ја стави на табела?
 7. Не, она навистина не сака да има тројка со вас само затоа што е бисексуалка
Можеби на неа лично и се допаѓа идеата за секс во тројка, но никогаш не смеете да претпоставувате дека тоа ја интересира само затоа што ја привлекуваат двата пола.
 8. Ако има долга врска само со еден пол, не значи дека има фаворити
Можеби повеќето од нејзините сериозни врски биле со личности од женскиот или машкиот пол, али тоа не значи дека едниот пол повеќе и се допаѓа од другиот. Некои бисексуалки имаат подолги врски само со припадниците на посилниот пол само поради тоа што живеат во околина која ги учи да градат сериозни врски со мажите.
 9. Не можете да ја ,,претворите” во хетеросексуалка
Колку и да сте добар љубовник, тоа нема да ја промени нејзината психа. Така да зачувајте си го трудот и живците. Бидете задоволни со тоа што ве сака само вас.
 10. Не е промискуитетна личност
Предрасудата дека бисексуалните жени се со сомнителен морал, се доста чести што не може да биде далеку од вистината. Па затоа престанете со предрасудите и обвиненијата, то повеќе говори за вас, отколку за нив.Кога ќе разберат дека девојката е бисексуалка, некои мажи помислуваат дека е лесно да ја наоговорат за секс во тројка, други пак се плашат дека не

Пронајдете не на следниве мрежи: