10 работи од кои морате да се ослободите до крајот на декември: Зачекорете во нова, поубава година

Својата енергина насочете ја исклучиво кон иднината и постигнување идни цели, а во тоа ќе успеете само доколку се ослободите од овие мисли кои само ве влечат назад. Декември е многу важен месец, пред се затоа што тоа е време за поставување основа за идната година. Ова е, всушност идеално време да се подготвите за дочек на една нова, подобра година и тоа со донесување одлуки кои ќе влијаат на нејзиниот квалитет. Искористете го овој месец да ги разбистрите мислите, одредете цели и фокусирајте се на својата иднина.За 2015 година да биде подобра од сите претходни, морате да се ослободите од работи, ситуации, луѓе кои ве влечат назад. Наместо да се оптоварувате со она што не чини, сета енергија насочете ја кон она што е добро и она што го сакате, а најдобар начин сето тоа да го направите е веќе еднаш да престанете да се занимавате со следните 10 работи!
1.Немојте да мислите дека не сте таму каде што би требало да бидете- Поставете си цел и трудете се во новата година што повеќе да напредувате, жалењето нема да помогне.
2. Отфрлете ги сите шаблони кои ве спречуваат на патот кон напредокот – Време е да поченете со позитивните страни!
3. Откажете се од идејата вашите предизвици да трааат вечно- Сите искушенија и проблеми се моментални, но научените лекции се богатство кое ќе го имате засекогаш.
4. Не ја удирајте главата од се за веднаш да сфатите – Она што денес ви се чини дека нема смисла, ќе ви изгледа сосема логично еден ден.

5. Засекогаш тргнете се од мислата дека ништо не ви оди од рака – Се е многу подобро отколку што вам ви се чини, ценете го она што го имате и знајте дека секогаш постои можност да биде полошо.
6. Престанете да се парашувате зошто тоа ви се случува баш вам – наместо поставување реторички прашања, обидете се да научите нешто од ситуацијата.

7. Совладајте го нагонот да го контролирате секој исход – Можеби нема да имате се што ќе посакате кога ќе посакате, но, признајте си дека секогаш го имате она што ви треба кога навистина ќе ви затреба.
8. Престанете да мислите дека грешките се нешто најлошо на светот – Секоја грешка е лекција за себе, која помага да созрееете и која еден ден ќе ви биде од помош!
9. ослободете се од потребата секогаш да бидете во право –Докажувањето на туѓите грешки не значи дека сте во право. Доколку сте сигурни во својот извор, нема потреба да докажувате ништо.
10. Никогаш не велете дека за вас е предоцна – Вашите соништа се многу важни и тука се со причина! Следете го своето срце и концентрирајте се кон целта и ќе бидете слободни, успешни и среќни.За 2015 година да биде подобра од сите претходни, морате да се ослободите од работи, ситуации, луѓе кои ве влечат назад. Наместо да се оптоварувате

Пронајдете не на следниве мрежи: