10 распродадени концерти за 10 минути – Бијонсе

Музичката дива на денешницата Бијонсе, ги соборува сите можни рекорди. Освен што важи за моментално најбарана, најпосакувана и најубава жена на планетата,  нејзината музичка кариера постојано се движи во нагорна линија.
Како што веќе добро знаеме, пејачката ја отвора својата европска турнеја на 15 април во Белград, потоа по втор пат ќе настапи во Загреб, а се на се ќе посети 20 европски градови и држави. Светската турнеја пак, „The Mrs. Carter Show“, која опфаќа 10 концерти, беше распородадена за неверојатни 10 минути.
Онлајн картите што беа пуштени во продажба ги снема за само неколку минути, а меѓу луѓето кои останаа без билет за овој спектакл е и пливачката и олимпијка Ребека Адлингтон која е голем фан на Бијонсе.
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Музичката дива на денешницата Бијонсе, ги соборува сите можни рекорди. Освен што важи за моментално најбарана, најпоса

Пронајдете не на следниве мрежи: