Бидете оригинални за Денот на вљубените доколку сте во врска на далечина. Имаме десет интересни идеи за тоа.1. Договорете вечера преку Скајп. Променете ги вообичаените разговори преку Скајп, со тоа што ќе направите нешто што ќе изгледа како да сте излезени заедно. Двајцата може да ги готвите вашите омилени оброци во исто време, и да седнете да вечерате пред камера.
2. Испратете писма за Денот на вљубените. Кога единствената форма на коммуникација меѓу вас е преку телефон или компјутер, време е да ги промените нештата за овој посебен ден. Изненадете го вашиот партнер или партнерка со тоа што ќе испратите љубовно писмо по пошта. Тоа е многу ретко и баш романтично
3. Испратете пакет со неговите/незините омилени работи. Наполнете кутија со неколку омилени работи на личноста, без разлика дали тоа се чоколади, блуза или парфем. Тоа е вистински начин да кажете дека мислите на нив.
4. Дадете им куп писма и кажете им да ги отвараат во различни периоди од годината. Врските на далечина можат да бидат тешки, а Денот на вљубените може понекогаш да направи да биде уште потешко. Затоа, наполнете неколку плика со мали подароци и слатки писма, за да ја расположите саканата личност. Напишете на на секое плико инструкции кога да биде отворено.
5. Бројте ги деновите кои преостануваат до следната ваша средба, со тоа што ќе наполните тегла со ливчиња на кои ќе ги напишете работите кои ги сакате кај вашата сакана личност. Напишете онолку пораки со слатки зборови, колку што има денови до вашата следна средба. Ставете ги во тегла и подарете ја теглата на саканата личност кога ќе се видите на денот на вљубените.
6. Бидете првата личност што ќе ја слушне изутрина и последната што ќе ја слушне навечер. Разбудете се малку порано на Денот на вљубените и јавете се на вашата сакана личност. Тоа ќе биде сладок начин да ја разбудите. Исто така посакајте добра ноќ. Тоа ќе изгледа како да сте заедно во моментот.
7. Можете да испланирате и Ден на вљубените вон сезона. Не мора да го прославите овој празник баш на денот. На пример ако следната ваша средба е во март, изненадете ја личноста и кажете дека денес е Ден на вљубените и сакате да го прославите.
8. Испратете пакет со омилени работи на личноста и пратете ги на неговиот/нејзиниот пријател. Нека тој/таа ги остави во нејзината/неговата соба без да знае. Ќе приредите вистинско пријатно изненадување.
9. Можете да ја изненадите личноста и со тоа што ќе го испратите неговото/нејзиното јадење. Тоа би било вистинско романтично изненадување.
10. Испланирајте патување и изненадете го/ја. Можете да испланирате патување и да отидете кај него/неа. Тоа е уште едно романтично изненадување.1. Договорете вечера преку Скајп. Променете ги вообичаените разговори преку Скајп, со тоа што ќе направите нешто што ќе изгледа како да сте излезен



