Неколку факти за мажите кои плаќаат за девојки!

Момчињата може да се поделат на две групи. Оние кои никогаш не користеле услуга од проститутка и оние кои барем еднаш во животот биле спремни да платат девојки за таква услуга. Ова го обработува сеопфатната студија на тема „Споредба на секс-купувачи со момци кои не плаќаат за секс“.  Докторката Мелиса Фарли, основач на американскиот Центар за истражување на проститутки“, прави споредба со карактеристиките на оние луѓе кои се спремни да платат за услуга од проститутки, и оние кои никогаш не би го направиле тоа.
Покрај тоа што биле спремни да се вклучат во синџирот, ова истражување покажало каков однос имаат клиентите со жените. Ви ги носиме десетте работи кои не сте ги знаеле за момците кои се спремни барем еднаш да платат за секс:
Во просек, првиот однос со проститутка се случува на 21 година од животот.
25 отсто од мажите патувале надвор од своето место на живеење со цел да имаат секс со проститутка.
41 отсто од „клиентите“ свесно платиле сексуален однос на жена која знаеле дека постои макро зад неа.


66 отсто од нив се свесни дека повеќето од жените влегуваат во проституција како жртви на заведување, измама, лажни ветувања, киднапирања и секс-трговија.
74 отсто од клиентите на јавните куќи, до основните познавања за сексот дошле преку порнографијата.
Секс купувачите се седум пати по спремни да признаат дека би силувале жена, доколку им се пружи можност за тоа никој да не дознае и да се извлечат неказнето.
За разлика од момците кои никогаш не платиле за секс, меѓу клиентите на проститутки има веќе многу престапници со кривични дела и прекршоци поврзани со насилство врз жените, злосторства извршени под дејство на алкохол и дрога, напад, вооружени криминални дејства, како и напад на полиција, владата и другите органи.
89 отсто од клиентите би се откажале од овој вид на сексуално задоволство, кога би постоела опасност нивното име да биде запишано во регистарот на сексуални престапници.
90 отсто од оние кои плаќаат за секс, би престанале со тоа, доколку казната, во случај да бидат фатени на дело, изнесува повеќе од илјада долари.
100 отсто од клиентите би се откажале од секс со проститутки кога би им била одредена затворска казна во траење од месец дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: