10 совети за љубовен состанок, кои би сакале да ги знаете!

Момците се можеби тешки за спознавање, тие можат да бидат и едноставни и сложени, отворени и таинствени, слатки или мажествени. Понекогаш жените се губат во односот со партнерот, а понекогаш и не му дозволуваат на срцето да се заљуби.
Овде се 10 совети од богатите искуства на неколку жени.
1) Кога одите на состанок, облечете се удобно.
Тоа не значи дека не можете да бидете симпатична. Стварта е да бидете симпатична и удобно да се чувствувате. На пример, ако облечете претесни обувки, цело време од состанокот ќе се фокусирате на болката на стапалата, наместо на она што го зборува партнерот.
2) Не дозволувајте си себе си да се чувствувате очајна.
Ако момчето прави да се чувствувате тој начин, тоа е лош знак. Ќе се најде некој кој ќе направи да се чувствувате среќни и спокојни.

3) Не играјте игри.
Една работа е да се забавувате, а друга да скршите нечие срце. Не го правете тоа, бидејќи не би сакале некој да ви го направи на вас. Овој совет е за оние кои смислуваат тактики, се потсмеваат на партнерот и си подигруваат, а всушност заборавате дека во таа игра можете и вие да се вљубите.
4) Бидете директни.
Ова оди рака под рака со не играњето игри. Не се грижете дали ќе го навредите, затвореноста во врската е повеќе иритирачка, отколку да се биде директен и да му кажете што ви пречи, изнаоѓајќи заедничко решение.
5) Забавете го темпото.
Нема потреба да се брза. Ако тоа е вистинската личност, тогаш го имате сето време на светот.
6) Забавувајте се!
Правете разлика меѓу тоа да се забавувате заедно и само вие да играте игри со него. Доведете ја врската да ви биде заедничка игра, без стресови и напнатости.

7) Чувајте ги вашите пријатели близу.
Не дозволувајте вашите пријателства да претрпуваат за повеќе слободно време со момчето. Тоа ќе се рефлектира со повеќе работа за обнова на довербата на вашите пријатели, кога ќе ви бидат најпотребни.
8) Исфрлете го стариот багаж.
Само затоа што имате неколку лоши претходни искуства, не очекувајте новите да ви успеат. Тоа што сте раскинале со поранешните момчиња сигурно е со причина, расчистувајќи со нив, расчистете и со спомените од нив!
9) Не ги кријте вашите емоции.
Тие се како шише газиран сок: Ако шише со газиран сок го протресете, кога ќе го отворите содата ќе експлодира насекаде. Не потискајте ги емоциите и дадете му до знаење на партнерот колку ви значи, не чекајте „шишето“ да експлодира, тука е крајот!
10) Почитувајте се себеси!
Потребно ли е да се каже дека првенствено морате да се почитувате себеси за да почитувате било кој друг.Понекогаш жените се губат во односот со партнерот, а понекогаш и не му дозволуваат на срцето да се заљуби.
Овде се 10 сове

Пронајдете не на следниве мрежи: