10 совети за витка става од Џенифер Анистон

Пред неколку дена оваа славна актерка наполни 45 години, меѓутоа и покрај возраста за неа можеме да кажеме дека изгледа неверојатно привлечно. Таа плени со својот изглед и витка става, а годините како да не и можат ништо. Во што лежи нејзината тајна? Ова се советите кои таа ги дава:
1.Вежбајте редовно, а вежбите секогаш да бидат забавни
„Правете комбинации од различни стилови, за никогаш да не ви биде монотоно, туку напротив, направете го вежбањето забавно. Кога вие сте возбудени, вашите мускули се во конфузија и на тој начин телото останува будно„.
2.Умереноста е клуч, а уживањето е ОК
„Јас навистина се хранам здраво и вежбам редовно, но исто така си дозволувам и уживање….Јас не изгладнувам до смрт. Мој совет: престанете секојдневно да јадете „ѓубре“!“

3.Само кажете „Хм“
„Јогата е еден вид на помош кој не подготвува за се“
4.Вежбањето ве ослободува-а тоа е голема работа
„Лесно е да станете зависник од еуфоричното чувство кое следи по доброто испотување од џогирањето. Тоа го буди вашето тело.“
5.Понекогаш е ОК да кажете „не можам денес“ кога не чувствувате потреба за вежбање
„Знаете што, постојат денови кога телото ми вели „не можам да“ и „не сакам да“, па јас си го слушам телото. Така, понекогаш не вежбам.
6….Но понекогаш, доволни ми се 10 минути за да ми помине фазата „јас не можам да вежбам“
„И тогаш, постојат моменти кога сепак ќе отидете на вежбање. „Навистина? Дали навистина не ти се вежба?“ А потоа ќе си речам: „Во ред, ќе одам на некоја од машините за 10 минути, па ќе видам како ќе делува ендорфинот.“ Потоа се чувствувам одлично и продолжувам…“

7. Најдете начин како да го вклопите вежбањето во својот рутински живот
„Јас постојано со себе ги носам моите тегови кога престојувам во хотел. Тоа ми дава можност да правам вежби за рацете секогаш кога зборувам на телефон или гледам ТВ. А пред спиење обично правам неколку серии на стомачни вежби.“
8.Не го трошете времето на вежби кои не ги сакате
„Јас не сум во извиднички камп-јас не сакам да го правам сето ова! Јас само сакам да останам фит! Не сакам да се вика по мене, Ве молам-не викајте по мене!
9.Прифатете го стареењето, па ќе видите дека може многу да се ужива
„Велат дека младите ја трошат својата младост, но јас и сега се чувствувам младо-ако не повеќе- но исто како кога имав 25 години…и тоа повеќе во телото и повеќе во умот.“
10. Направете го тоа заедно, побарајте помош
„Одете на терапија. Исчистете ги сите глупости од вас. Исчистете се од сите отрови и бучава, за да се сфатите себеси и да се разберете. Едуцирајте се и запознајте го вашето ЈАС.Ова се советите кои таа ги дава:
1.Вежбајте редовно, а вежбите секогаш да бидат забавни
„Правете комбинации

Пронајдете не на следниве мрежи: