10-те најголеми поплави во историјата на човештвото

Поплавата е една од најголемите природни катастрофи кои може да се случат во светот. Надојдените води може да однесат многу посеви, вредни работи, но и многу човечки животи.„National Geographic“ објави листа на 10-те најкатастрофални поплави кои луѓето ги доживеале:
10.Поплавата од Северното Море
Оваа поплава се случила во 1212 година во Холандија. Во тоа време луѓето немале никаква технологија и методи за предупредување од поплави, па така таа однела дури 60 000 жртви.
9.Поплавата на Света Луција
Регистрирана е на 14 Декември 1287 година и ги погодила Холандија и Северна Германија. Бројката на загинатите бил околу 80 000 луѓе.
8.Полавата на реката Јангцекјанг во 1911
Оваа река често ги поплавува пределите долж своето течение низ Кина. Во 1911 година поплавата однела преку 100 000 човечки животи, а околу 40 000 останале без своите домови.
7.Делтата ан Црвената Река во Ханој
На 1ви Август 1971 година се излеала Црвената река во Виетнам. Поради ниската надморска височина на Ханој, преку 100 000 луѓе го загубиле животот во борбите со надојдената вода.
6.Поплавата ан Свети Феликс
Оваа поплава се случила 1530 година во Холандија и однела повеќе од 120 000 животи. Штетите од поплавата се процениле на преку 100 милиони долари.
5.Поплавата на Јангцекјанг во 1935
Во оваа поплава загинале 150 000 луѓе, и не се знае уште колку други починале од заразните болести кои се рашириле по поплавата.

 
4.Поплавите на тајфунот Нина
Во 1949 година на реката Ру во кина била изградена брана. За време на тајфунот Нина во 1975 година браната попуштила и настанала голема поплава, во која загинале повеќе од 160 000.
3.Поплавата на Хуангхо во 1938
За време на кинеско-јапонските војни, Кина решила да ја крене капијата на праната за да ги потопи непријателските војници, но ситуацијата излегла од контрола. Во огромната поплава загинале речиси 800 000 луѓе.

2.Поплавата на Хуангхо во 1887
Таа година речиси 50 000 километри квадратни од површината на Кина била под вода. Загинале околу 900 000 луѓе, а 1 милион биле раселени.
1.Големата кинеска поплава од 1931
Ова е најсмртоносната несреќа во светската историја. Три од најголемите кинески реки, Хуангхо, Јангцекјанг и Хуај се излеале во исто време. Загинале 2 милиони луѓе, а дури 30 милиони останале без покрив над главата.„National Geographic“ објави листа на 10-те најкатастрофални поплави кои луѓето ги доживеале:

Пронајдете не на следниве мрежи: