10-те најмирољубиви луѓе во светската историја: Исус втор, Мухамед шести

Веб порталот TheTopTens.com каде посетителите гласаат за сите топ 10 листи објавени таму, објави листа на 10-те најмирољубиви луѓе кои кога-било чекореле по Земјата. Погледнете подолу кои се овие 10 луѓе.1. Махатма Ганди
Човекот кој се бореше за независност на Индија од Велика Британија, но на мирен и ненасилен начин. Ганди веруваше дека насилството ништо не решава. Убиен е во 1948 година од Индијските националисти затоа што инсистирал на братство со муслиманите во Индија и повикувал да престанат насилствата против нив.
2. Исус Христос
Основоположникот на христијанството кој луѓето ги учел на мир и љубов. Ако по нив некој фрла со камен, тие да возвратат со леб, ако ги удрат по едниот образ, да го свртат и другиот, и сето тоа за што поненасилен и мирен живот. Денес да е жив сигурно би бил згрозен од луѓето кои се маваат в гради како големи христијани, а не се придржуваат до неговото учење.

3. Буда
Роден како Сидарта, бил голем пацифист, миротворец и учител. Буда поучувал за средниот пат, оној помеѓу екстремизмот и пасивноста. Тој мислел дека сите луѓе се еднакви и дека не постојат посредници помеѓу боговите и луѓето. Цврсто се залагал дека луѓето можат да ја достигнат онаа димензија на свеста која е ненасилна и мирољубива.
4. Мартин Лутер Кинг помладиот
Христијански пастир кој се борел за човекови права, особено правата на луѓето од црната раса во Америка во 60-тите години на минатиот век, кога во Америка владеела расна дискриминација и апартхајд. Тој се борел со мирни методи кои ги научил од Ганди. Во 1964 година ја добива нобеловата награда за мир, а 4 години потоа е убиен во атентат.
5. Нелсон Мандела
Започнал како Ганди, но кога увидел дека ненасилните методи не му вродуваат со плод, се свртел кон тероризмот. Потоа е уапсен, па во затворот повторно се свртува кон ненасилните методи за борба за мир и еднаквост. По 27 години поминати в затвор е помилуван и пуштен на слобода, за потоа да застане на чело на Јужноафриканската Република и да ја одведе по патот на демократијата.

 
6. Пророкот Мухамед
Роден е 570 година во новата ера, и е основоположник на исламот. Според негови кажувања, често се повлекувал во една пештера каде му се појавувал Архангел Гаврил и му кажувал господови проповеди кои тој ги запишувал. Успеал проповедајќи ја новата религија да го обедини Арапскиот Полуостров. Куранот јасно повикува на мир, но тоа е прилично дискутабилно. Арапските војски ги ширеле своите територии со војни, но до сега не се регистрирани насилни конвертирања во ислам на луѓето. Всушност, самиот ислам забранува насилно претопување на луѓе во муслимани.

7. Џон Ленон
Еден од основачите на Битлси. Ленон бил главен поборник против насилствата помеѓу протестантите и католиците во Северна Ирска. Исто така се борел и за правата на хомосексуалците, и за генерален мир во светот. Култната песна „Give Peace A Chance“ е негово дело.
8. Мајка Тереза
Родена е 1910 година во Скопје како Гонџа Бојаџиу во албанско семејство од католичка вероисповед. Поголемиот дел од животот го поминала во Индија каде се борела против сиромаштијата и се грижела за болните од СИДА, лепра и туберкулоза, организирала народни кујни и мобилни клиники, помагала на деца со посебни потреби… Во 1979 година ја добива нобеловата награда за мир. Беатификувана е како Блажена Тереза од Калкута.

9. Сократ
Тој е основоп-оложник на филозофијата како наука. За него дознаваме многу од неговиот најдобар ученик, Платон. Сократ бил многу мирољубив човек, и сметал дека на насилството треба да му се возвраќа со љубов. Дури и кога неправедно го осудиле на смрт, самиот го испил отровот со кој требало да биде убиен.
10. Кралицата Елизабета Втора
Искрено, се прашуваме како моменталната англиска кралица се нашла на листава. Таа седи на англискиот трон од 1952 година. Поборник е за мир во светот и верува во меѓурелигиски дијалог. Предводник е на преку 600 светски добротворни организации.1. Махатма Ганди
Човекот кој се бореше за независност на Индија од Велика Британија, но на

Пронајдете не на следниве мрежи: