10 типови на луѓе кои гледаат Големиот Брат

Реално шоу со голема гледаност. Можеби ви звучи чудно но и тоа некој го гледа. Се прашувате кој? Прочитајте…
1. Сите освен тебе и твоите согововорници
Ти „прв пат слушаш“ дека воопшто такво нешто постои, но сепак ти е познато дека имало секс во куќата.
2. Перверзни луѓе
Оние кои едвај чекаат некој да направи нешто и тоа им е повозбудливо од некој порно филм со многу подобра резолуција и кадар.
3. Невработени
Тие што не се вработени а ја изгубиле и секоја надеж дека ќе најдат работа, па се занимаваат со Големиот Брат.
4. Оние кои неодамна раскинале со партнерот
Депресијата ги менува интересите.
5. Приградски тинејџери
Пубертетлии кои поголем дел од времето го поминуваат дома, па сакаат да имаат теми за разговор во училиште со другите.
6. Идните учесници
Старлетите, ѕвездите и „познатите“ личности кои очекуваат да влезат во шоуто.
7. Новинарите задолжени за „трач“ рубриката
Тоа им е професија и треба да пратат што се случува, за да бидат читани од оние кои го обожаваат ова шоу.
8. Семејството на учесниците
Гледаат дали редовно јадат или дали многу се нервираат во куќата… а може и нешто друго гледаат но сето тоа е „љубов“.
9. Пензионери
Па во одминати години се луѓето што би гледале друго освен серии и шоуа, впрочем само и тоа има.
10. Колега од работа кој никако да се ожени
Се чуствува осамено, колегите од факултет му се насекаде по светот а тој никако да ја најде својата поубава половина, па затоа Големиот Брат му прави друштво.Реално шоу со голема гледаност. Можеби ви звучи чудно но и тоа некој го гледа. Се прашувате кој? Прочитајте…

Пронајдете не на следниве мрежи: