Секој од нас има сопствена дефиниција за тоа што значи исполнет живот, но постојат некои општоприфатени верувања за тоа како не би требало да се живее животот.Во продолжение, дознајте кои се 10-те знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали го трошите времето на погрешни работи.
1. Честопати приговарате
Често се жалите од работата, шефот, платата, соседите или брачниот партнер? Ако одговорот е да, тоа значи дека поголем дел од времето ширите негативна енергија. Негативноста ништо нема да промени, туку само ќе направи да не се помрднете од место. Затоа, променете го начинот на размислување и зборувајте за работите за кои сте благодарни во животот, а не за она што не го сакате во својот живот.
2. Не го храните својот ум
Ако константно не се развивате како личност и не учите нови работи, тоа значи дека стагнирате, токму како мирно езеро на чијашто површина се создава зелен талог. Слично се случува и со нашиот ум доколку не го држиме активен и ако не учиме нови работи. Позитивните предизвици во животот ќе ги прошират вашите размислувања.
3. Честопати зборувате негативно за самите себе
„И кога мислите дека можете и кога мислите дека не можете, и во двата случаи сте во право.“ – вака рекол Хенри Форд. Доколку сметате дека не сте доволно паметни за да добиете унапредување на работа или да започнете сопствен бизнис, вие ќе бидете во право. Доколку самите си зборувате дека сте премногу уморни за промени во вашиот живот, повторно сте во право. Тоа што си го зборувате себеси ќе стане и ваша реалност. Затоа внимателно избирајте ги речениците затоа што вашиот живот и вашите мисли се едно исто.
4. Не ја планирате иднината
Секогаш е најдобро да се живее во сегашниот момент, но понекогаш треба да гледате и кон иднината за да сфатите во која насока одите. Ако немате цел или план, тогаш сте како брод кој бесцелно плови по океанот, надевајќи се дека ќе заврши на некое добро место. Направете водич во вашиот живот каде што ќе ги разработите своите планови кои ќе треба да ве однесат онаму каде што би сакале да бидете.
5. Премногу време поминувате со луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој
Многу лесно може да ви се случи да “заглавите” во друштво на луѓе кои не ве прават подобра личност. Кога премногу време поминувате со таквите луѓе, вие ќе стагнирате и тие ќе ве повлечат надолу со нив. Ваквите луѓе се познати и како „енергетски вампири“ – го “цицаат”вашиот живот и за возврат не ви даваат ништо позитивно. Затоа барајте друштво на луѓе со кои ќе имате можност да се развивате како личности.
6. Зависни сте од мобилниот телефон
Размислете за тоа колку време поминувате на мобилниот телефон и како тоа влијае на вашите односи со другите луѓе. Доколку испраќате пораки или пребарувате на Интернет додека вечерате со вашиот сопруг или деца, тогаш го пропуштате времето кое би требало да го поминете со саканите личности или време кое би го посветиле на планирање на вашата иднина.
7. Трошите пари на неважни работи
Постои разлика помеѓу потреба и желба, но модерното општество сè повеќе ја брише таа разлика. Многу луѓе трошат пари на најнови технолошки додатоци и автомобили, притоа скратувајќи ги парите за основните животни потреби. Ако застанете и размислите, ќе сфатите дека не ви треба ниту малку од тоа. Храната, водата, покривот над главата и љубовта е она што ви треба, а сѐ останато се само бонуси. Затоа размислете на што ги трошите вашите пари и дали можете да направите некои промени. Можеби дел од парите ќе ги вложите во вашата заштеда за иднината.
8. Не спиете доволно
Спиењето е неопходно за добро здравје. Ако не можете да се наспиете затоа што имате премногу работа или едноставно имате навика да останувате будни до доцна во ноќта, треба да ги преиспитате вашите навики.
9. Не водите грижа за своето тело
Урамнотежената, здрава исхрана и вежбањето имаат и други позитивни ефекти освен одржување на оптималната тежина. Здравите навики влијаат и на менталното здравје, како и на тоа да се чувствувате подобро. Размислете за својата исхрана и колку сте физички активни – можеби ќе сфатите дека некои мали промени можат многу да ви го подобрат животот.
10. Не излегувате од својата зона на удобност
“Животот започнува тогаш кога ќе излезете од својата зона на комфор”, вели една животна мудрост. Затоа, прифатете некој ризик кој сметате дека може да ви го подобри животот и притоа имајте на ум дека постои разлика помеѓу ризик и пресметан ризик. Било каквиот ризик не е сигурен, но пресметаниот ризик значи дека претходно добро сте ги согледале сите опции и сте смислиле добар и сигурен план за постапување.Во продолжение, дознајте кои се 10-те знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали го трошите времето на погрешни работи.