10 најчести грешки што ги прават жените со бојосана коса: Престанете веднаш!

Бојосувањето на косата е едноставен процес, но некои грешки чести ги повторуваме без причина
Негата на бојосаната коса изискува поголемо внимание и понапорна е од негата на природната боја на косата. Многу жени кои се бојосуваат прават одредени грешки за кои не се свесни.
Ја миете косата ден по бојосувањето
Ова е најчестата грешка што жените ја прават. По бојосувањето не треба да ја миете косата најмалку 72 часа, советуваат експертите. Треба да се почека три дена за да се впие бојата целосно. На тој начин подолго ќе трае.
Бојосување веќе бојосана коса
Доколку не сте целосно задоволни од резултатот од бојосувањето во салонот, па сакате да ја поправите сами дома, само ќе ја влошите ситуацијата. Експертите советуваат никако да не ставате нова боја на свежо бојосаната коса.
Пречесто ја миете косата
Поради хемикалиите во бојата, косата е поосетлива на вода. Секако, тоа не значи дека не смеете да се туширате, но одбегнувајте премногу да ја измивате косата.
Ја миете со врела вода
При измивањето на косата, наместете ја температурата на водата на млака или ладна. Врелата вода го подигнува надворешниот слој, а тоа е една од најчестите причини зошто бојата бледнее. Колку што е водата потопла, толку побрзо се губи бојата.
Не нанесувате регенератор за бојосана коса

Бојосаната коса побрзо ќе стане сува и кршлива, па треба да ја третирате со посебни регенератори за бојосана коса. Регенераторот прави заштитна бариера која може да го спречи брзото измивање на бојата. Ставајте регенератор секогаш кога ја миете косата со шампон, дури и ако косата ви е беспрекорно убава и здрава.
Грубо ја триете косата со пешкир
Пресилното триење на косата со пешкир може да ја избледи бојата и да ги исуши врвовите, тврдат експертите. Па затоа, подобро е малку да ја избришете косата и да ја оставите да се суши природно.
Премногу користите пегла или фен
Бојата за коса е осетлива на топлина. За да не ја испржите, нанесете заштитен спреј.
Заборавате на сјајот
Протеинските слоеви на косата рефлектираат светлина, но бојата може да го наруши тоа. За да ѝ го вратите сјајот на косата, користете серум, спреј за сјај или некој друг третман за обнова на коса.
Премногу се изложувате на сончеви зраци
Ако поминувате многу време на сонце, носете шешир за да не избледи бојата или за да не го изгуби сјајот.ш!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.