10 работи кои го издаваат дека ве лаже

Доколку се сомневате дека вашето момче ви прави нешто зад грб, тогаш неговиот говор на телото или неговите постапки, можат да го издадат. Внимателно следете го секој нов потег и извлечете ја вистината од него.
1. Следете ги неговите нозе
Доколку некој ги прекрстува нозете или пак ги витка околу ногарките на столот тогаш тоа е индикација дека крие нешто.
2. Пауза пред одговор
Доколку ги прашате некое директно прашање како „Каде беше вчера?“ или „Дали ме изневеруваш?“ и доколку по тоа следи пауза или повторување на прашањето, тогаш тоа најчесто значи неволја.
3. Палците во џеб
Доколку тој стои додека ви се обраќа и неговата рака е целосно во џеб, тогаш тој се чувствува нервозно. Ваше е да дознаете зошто.
4. Не знае да раскаже обратно
Доколку некоја приказна ви звучи нелогично, натерајте го да ви ги прикаже настаните обратно. Кога некој раскажува измислена приказна, многу му е потешко да ја прераскаже кога малку ќе му ги измешате настаните, па така лесно ќе ја извлечете вистината на виделина.
5. Поткревање на рамениците во незгодни ситуации
Доколку дефанзивно ви вели „Вчера бев излезен со другарите“ и истовремено ги поткрева рамениците, тогаш тој крие нешто од вас. Тоа движење посочува дека потсвесно не верува ни самиот во тоа што го вели.
6. Постојано ги употребува сврзниците „но“ и „ама“
Доколку неговите реченици почнуваат од типот: „Знам дека ќе мислиш дека ова што ќе го кажам е чудно, но…“ или „Знам дека нема да ти се верува, ама…“ шансите се големи дека наредното нешто што ќе го каже е лага.
7. Неговиот јазик ќе го издаде
Доколку му поставите прашање и тој во истиот момент го вади малку јазикот од устата или ги лизнува усните пред да одговори, тој верува дека ќе најде начин да се извлече од некоја ситуација и да ја заобиколи вистината.
8. Зјапа во вашите очи
Понекогаш, лажговците имаат толку силна намера да ви ја докажат нивната искреност, што ќе ве гледаат во очи прилично долго време, обидувајќи се да ви докажат дека нема што да сокријат.
9. Не може да ја адаптира приказната
Само лажгото е неспособен и има има проблем да ја прилагоди приказната, доколку една компонента од неговата сторија е побиена. Па доколку сте решени од него да ја извлечете вистината на виделина, а тој и понатаму одбива да ја смени неговата приказна и се држи само до она што го измислил, бидете сигурни дека ве лаже.
10. Си го допира лицето дур ве лаже
Лажгото не сака да ви дозволи премногу да го анализирате неговото лице и однесување. Затоа, тој честопати несвесно ќе ги приближи рацете до неговото лице за да си го почеша носот, окото или да си ја погали брадата, за да ги „блокира“ зборовите кои излегуваат од неговата уста, со цел да се заштити од вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.