10 работи кои ќе ја зголемат вашата самодоверба

Вашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе ве доживуваат. Колку сте посамоуверени, толку е поверојатно дека ќе успеете во животот. Голем број фактори имаат силно влијание врз вашата самодоверба кои се надвор од ваша контрола, но има и многу нешта кои можете да ги направите за да ја доизградите. Следниве десет работи можат да бидат клучни во промената на подобро или пак во зголемувањето на вашата самодоверба.
1.Променете ја бојата на косата или направете нова фризура за да и дадете повеќе сјај на косата или само затоа што ви е потребна промена. Ќе се изненадите колку поинаку се чувствувате со новиот изглед.
2.Носите облека во која се чувствувате добро и му верувате на сопствениот вкус. Ако морате да се погледнете во огледало повеќе од трипати, преоблечете се.


3. Ако немате време да се грижите за ноктите и лакот за нокти, најдобро е да не ги лакирате. Скратете ги и обликувајте ги уредно. Рацете се дел од телото што најмногу ги забележуваме кај други.
4. Со храната внесувајте доволно антиоксиданси за да ја одржите телесната и психичката сила. Препорачана дневна доза е 60 мг витамин Ц, 8 мг витамин Е и многу бетакаротин од овошје.
5. Преземете ја контролота и веќе денес решете барем една од обврските што со недели намеравате да ги направите – на пример, отидете во банка или испратете ја даночната пријава.
6. Купете градник што совршено ви прилега. Ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате многу попривлечна.
7. Дневно одделете 15 минути – без оглед дали сте вработени или не – за да размислите за приоритетите во остатокот од денот.
8. Изберете нов кармин за усните со силна боја – и не заборавете да се смешкате.
9. Прочитајте некоја убава книга, на пример биографија за личност од историјата на којашто и се восхитувате. Таа постигнала многу, значи можете и вие.
10. Орасположете се со парфем – немојте скапиот мирис да го чувате за посебни прилики затоа што тој и онака ќе испари. Употребете го и поправете си го расположението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.