10 РУСКИ ФИЛМОВИ КОИ ЌЕ ВЕ ОСТАВАТ БЕЗ ЗБОРОВИ; Секој од нив создава морални дилеми и разгорува длабоки дискусии

Русија е земја која изобилува со уметнички таленти низ историјата. Од писатели како Лав Толстој, Фјодор Достоевски и Антон Чехов, до музички виртуози како Чајковски, руското население е одгледано на „креативна диета“ на литературни великани.

Исто така, некои од најдобрите филмови во историјата потекнуваат од Русија. Еве некои од најдобрите руски филмови на сите времиња, според порталот Муви веб.

1. Сталкер (1979)
Сталкер е советски научнофантастичен филм режиран од Андреј Тарковски. Раскажува приказна за водич кој води други двајца на патување до мистериозна соба во Зоната, ограничена област каде што се случуваат чудни феномени. Филмот е филозофско истражување на теми како верата, надежта и природата на стварноста.

2. Дојди и види (1985)
Еден од најдобрите воени филмови на сите времиња. „Дојди и види“ ја раскажува приказната за едно младо момче, по име Флорија, чијашто тинејџерска храброст го поттикнува да се приклучи на група борци на отпорот, додека Германците го опкружуваат неговото село во Советскиот Сојуз. Завесата на војната се спушта врз младиот Флорија, а неговата детска невиност е заменета со караткер посоодветен на суровите бруталности на војната.

3. Бродот Потемкин (1925)
„Бродот Потемкин“ е советски нем филм режиран од Сергеј Ејзенштајн. Раскажува приказна за бунт на рускиот брод „Потемкин“ во 1905 година. Филмот се смета за еден од највлиятелните филмови што некогаш се направени и се изучува и денес поради својата иновативна монтажа и кинематографија.

4. Соларис (1972)
Соларис е советски научнофантастичен филм, режиран од Андреј Тарковски. Раскажува приказна за психолог кој е испратен на вселенска станица што орбитира околу планета. Филмот е сложено и филозофско истражување на теми како што се љубовта, сеќавањето и идентитетот.

5. Тешко е да се биде бог (2013)
Заснован на истоимениот роман од 1964 година, „Тешко да се биде Бог“ е научно-фантастичен филм, во режија на Алексеј Герман, за група научници кои се испратени во мисија за регрутирање на планетата наречена Арканар. Мисијата на научниците е едноставна – тие не треба насилно да се мешаат во животот во Арканар кој минува низ својата средновековна фаза, додека ги идентификуваат и ги регрутираат своите најдобри умови.

6. Изгорени од сонцето (1994)
Изгорени од сонцето е руска драма, режирана од Никита Михалков. Раскажува приказна за семејство кое е разнесено од Руската револуција. Филмот нуди продорлив и евокативен поглед за човечката цена што ја имаат политичките превирања.

7. Остров (2006)
Приказна за две различни перспективи, „Остров“ следи ексцентричен монах кој живее во мал манастир во северна Русија. Неговите колеги монаси го сметаат неговото однесување за чудно и бизарно, но посетителите, што доаѓаат на островот, го гледаат човекот како светец кој поседува огромна дарба и моќ.

8. Без љубов (2017)
„Без љубов“ е руски драмски филм режиран од Андреј Звјагинцев. Раскажува приказна за двојка која се разведува и за нивниот 12-годишен син кој исчезнува. Филмот фрла суров и немилосрден поглед на распадот на семејството, како и на емоционалните лузни кои остануваат засекогаш.

9. Жртва (1986)
Тарковски за Русија е тоа што е Реј за Индија, Куросава за Јапонија и Хичкок за Британија. Едноставно кажано, тој е нејзиниот сјаен зрак на филмска светлина. Така, во неговиот обид да се поздрави со животот и од својот занает, легендарниот мајстор на филмот го направи ремек-делото „Жртва“ додека умираше од рак. Филмот може да се гледа и како одраз на состојбата на умот на режисерот кој се занимава со сложени мисли за животот и за смртта. Заплетот се врти околу новинар по име Александар кој го слави својот роденден со пријателите и со семејството, кога одеднаш дознава дека започнала Третата светска војна, настан што го испраќа во спирала на филозофска интроспекција.

10. Прогонство (2007)
„Прогонство“ е руски драмски филм режиран од Андреј Звјагинцев. Раскажува приказна за двојка која патува во нејзината селска куќа. Жената му се доверува на сопругот за една тајна, а тој се обидува да се справи со ситуацијата, смислувајќи како најдобро да реагира на неа. „Прогонство“ дава суров и несентиментален поглед на емоциите и на нивната сложеност.

Ова се само неколку од многуте легендарни филмови што доаѓаат од Русија. Руската кинематографија има богата историја и продолжува да произведува иновативни и провокативни филмови и денес.

Пронајдете не на следниве мрежи: