Секој сака да биде успешен, но што претставува успехот е различно за секого. Речиси секој има сретнато личност која навидум има сè, но сепак се мачи да ги исполни своите денови со среќа и задоволство. Исто така постојат и луѓе со скромни амбиции кои ги ценат малите задоволства во животот и се држат подалеку од општествената слика за „успех“. Како изгледа успехот за вас? За да се мотивирате да го најдете одговорот на прашањето, овие цитати навистина ќе ви помогнат.
„Успех е да се сакате себеси, да сакате што правите и да сакате како го правите тоа.“ – Маја Анџелоу
„Успехот значи да го направите најдоброто со она што го имате. Успехот е правењето, не добивањето. Тој е во обидите, не во триумфот. Успехот е личен стандард, достигнување на највисокото нешто во нас, станување сè што можеме да бидеме.“ – Зиг Зиглар
„Успех? Не знам што значи тој збор. Среќен сум. Но успехот, тоа се сведува на она што значи успехот во нечии очи. За мене успехот е внатрешен мир. Тоа е добар ден за мене.“ – Дензел Вашингтон
„Ако можете да го правите она што го правите најдобро и да бидете среќни, вие сте стигнале подалеку во животот од повеќето луѓе.“ – Леонардо Дикаприо
„Нашиот најголем страв не треба да биде од неуспех, туку од успевање во нешта што не ни се навистина важни во животот.“ – Френсис Чан
„Не е важно колку правите, туку колку љубов вложувате во она што го правите.“ – Мајка Тереза
„Успехот значи да си легнеме навечер знаејќи дека нашите таленти и способности биле искористени на начин што им користел на другите.“ – Мариен Вилијамсон
„Обидете се да не бидете успешен човек, туку човек со вредност.“ – Алберт Ајнштајн
„Успех: Да се смеете често и многу, да ја добиете почитта на интелигентните луѓе и љубовта на децата, да го заработите ценењето на искрените критичари и да го издржите предавството на лажните пријатели, да ја цените убавината, да го најдете најдоброто кај другите, да го оставите светот малку подобар, да се грижите за здраво дете, градина или социјална состојба. Да знаете дека барем еден човек дише полесно бидејќи вие сте живееле. Ова значи да бидете успешни!“ – Ралф Валдо Емерсон