100% ИЗМАМА: Еве како ве лажат со дојави од Фејсбук и форуми!

„Дојави“, „Вистински дојави“, „100 посто дојави“, „Наместени натпревари“, „Сигурна добивка” – сигурно досега сте налетале на групи со слични имиња на Фејсбук или барем на некој коментар како: „Поздрав, извинете што пречам, но морам ова да го споделам со вас. Знам дека многу лажат, но ОВОЈ човек ме увери дека дојавите постојат и благодарение на него ги отплатив сите долгови.“Првиот чекор на измамниците е да пронајдат 30 луѓе
Нивните измами функционираат по систем познат како 30-10-3-1. Најпрво со кампања на Фејсбук, каде рекламираат и објавуваат добитни ливчиња, пари, луксузни наочари, часовници, па дури и автомобили, пронаоѓаат 30 луѓе на кои ќе им ја испратат дојавата.
Првата дојава ја праќаат бесплатно
За почеток не бараат пари, само да го погледнат резултатот откако натпреварот ќе заврши. Не избираат натпревари со мали коефициенти, на пример Лас Палмас – Реал Мадрид, каде Реал Мадрид е фаворит, туку неизвесни натпревари со големи коефициенти. Претходно, оние 30 лица на кои ќе им биде кажана „дојавата“ се поделени во три групи од по 10 луѓе, поради тоа што во фудбалот можни се три конечни исходи. На 10 луѓе им е испратено да оддиграат на победа на домаќинот, на 10 луѓе им е испратено да оддиграат на победа на гостинот и на останатите 10 на нерешен резултат.
Веднаш по првиот натпревар им остануваат 10 луѓе од кои извлекуваат пари
По првиот натпревар, без разлика како и да заврши, имаат десет луѓе кои ги „увериле“ дека го имаат изворот на вистински дојави, додека останатите 20 ги блокираат на Фејсбук. Повторно ги контактираат оние кои среќно го добиле точниот тип и бараат дел од парите да им се уплатат пред следниот натпревар, а дел откако ќе заврши. По истиот рецепт ги делат во три групи, а по завршувањето на следниот натпревар, повторно како и да заврши имаат три жртви. Уверени поради тоа што два пати веќе добиле точен тип, сега уште поцврсто веруваат дека ја имаат својата „златна кокошка“ и веќе планираат како ќе ги потрошат парите заработени од следната дојава.
Откако и последниот ќе ја добие погрешната дојава, тргнуваат по барање на нови жртви
Измамниците повторно ги делат луѓето во три групи, па во четвртиот круг останува само еден од 30-те луѓе кои биле на почетокот. Тој еден, по три добивки овојпат поскапо ќе ја плати дојавата, а со тоа и ќе вложи повеќе пари на неа. Откако и тој ќе промаши, измамниците го затвораат „кругот“, ја исклучуваат фејсбук страната, па тргнуваат во лов на други 30 луѓе од нов профил.
„Неделно заработував по 300 евра“
„Мојата тактика беше: Да направам фејсбук страница на која давам подарок нови мобилни телефони по случаен избор на оние кои ја споделиле страната и го лајкнале коментарот. Награда, односно телефон не давам на никој, а кога страницата собра повеќе луѓе и стана популарна не ми беше тешко да пронајдам дневно по десетина луѓе кои треба да ги уверам дека имам дојава. Тројца би добиле точен резултат, со тоа што подоцна би ми испратиле по 20 евра за следната дојава, а потоа ќе ги блокирам и со останатите администратори на страницата ќе ги избришеме нивните незадоволни коментари“ – открива еден од овие измамници, кој вели дека заработувал по околу 300 евра од кои дел трошел за плаќање на реклами на Фејсбук.
Запрашајте се зошто би ви дале дојава
Ако некогаш ви понудат дојава, доволно е само да го вклучите мозокот и да се запрашате зошто некој би ви го кажал натпреварот на интернет наместо да отиде во обложувалница, да вложи пари и сам да си ја заврши работата обезбедувајќи си заработка на добра сума пари.

Пронајдете не на следниве мрежи: