Во зграда во Сплит, на четврти кат експлодирал стан, во понеделник околу 9.20 часот, при што е повреден еден човек, пренесуваат хрватските медиуми.
Најверојатно експлодирала плинска боца. Во станот имало еден човек, Винко Е (69) кој најверојатно е сопственик на станот.
Тој е повреден, има 40 отсто изгореници по телото, а укажана му е лекарска помош и пренесен е во болница.
Повредениот живеел со својата сопруга, која во моментот на експлозијата не била во станот.
Први на помош стигнале работниците од „Паркови и насади“, кои сечеле олеандери на улицата, а кога виделе пожар, отишле до станот и се обиделе да ја отворат врата. Не успеале, бидејќи се работело за блиндо врата, па повикале пожарникари.
На местото на несреќата дошла и ќерката на повредениот.
Станарите од околните згради, зависно од позицијата на која живеат, различно ја доживеале експлозијата.
На некои им се чинело дека не експлодирала само плинска боца, туку во најмала рака, рачна бомба.
Млади кои живееле спроти зградата, виделе изгорен прозор и ПВЦ столарија и како од собата излегува чад.
Оштетен е станот под експлодираниот од водата која протекла, како и оној над него од самата експлозија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: