Хумано и бизарно – 40 годишна жена дои два тигра

Хила Хатеј (40) од Мјанмар се одлучи да направи необичен гест. Имено, таа работи во зоолошка градина каде една тигрица неодамна уби едно од своите новороденчиња.

 

Стравувајќи дека другите две новороденчиња се во опасност, вработените од зоолошката ги преместија подалеку од мајката. Но на малите тигри им треба млеко, па така Хила решила да ги дои таа самата. Таа вели дека нејзиниот план е да ги дои се додека не почнат да им растат заби. Сепак, научниците предупредуваат дека ова не е добра идеја.

 

Валтер Харли, професор на универзитетот во Илионис соопшти дека човечкото млеко е многу послабо во однос на масти и хранливи материи. Тоа може да го забави растот на малите тигри, како и да делува на нивното однесување во иднина.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: