Некои луѓе се попаметни од другите кога станува збор за нивната претставителност, но никој од нас не сака да се покаже глуп.
И додека на некои им е поважно да постигнат добри резултати на стандардизираните тестови на интелегенција, останатите се оценуваат спрема нивната способност за снаоѓање во одредени ситуации или колку се добри кога треба да го употребуваат нивниот разум. Стандардизираните тестови, во неколку наврати се покажале како недоверливи или неточни, а имањето на диплома не може да биде во никој случај показател за интелегенција.
Единствената работа околу која се согласуваат сите, е дека кога е во прашање интелегенцијата,факт е дека за ена е клучен човечкиот мозок. Тој има способност да се прилагоди, обнови и развие. Невронските мрежи се шират и ги засилуваат новите искуства и учење, додека новиот предизвик кој пристигнува до нашиот мозок е зголемување на неговиот капацитет во сите облици на интелегенција, од улична до математичка.
Токму затоа на едно место ги собираме сите можни начини преку кои можете да го зголемите капацитетот на мозочниот капацитет за да можете да внесувате нови податоци, односно да станете попаметни.
1. Медитирајте
Илјадници години искуство ни докажуваат дека медитацијата има многу предности. Таа може да се разликува од човек до човек, а најчесто вклучува фокусирано дишење во тишина со која можете да постигнете состојба на ментален мир. Без оглед на тоа дали верувате во моќта на медитацијата, никој кој го испробал ова не одговорил негативно. Докажано е дека редовната медитација влијае на структурата на мозокот, а научниците веруваат дека таа има позитивно влијание врз меморијата, брзината на реакцијата и концентрацијата. Токму затоа воопшто не не чуди тоа што најголемите светски фирми, на своите вработени им нуди можности за редовна медитација.
2. Вежбајте го мозокот
Мозакот, како и многу други делови одчовечкото тело, треба да се развива за да остане во форма. Најпопуларните активности за вежбање на мозокот се решавање на крстозбор, логични задачи, математички задачи и слично. Дури и со читањето на оваа статија вие правите вежба за вашиот мозок. Можете да направите и промена во вашите навики, па така пробајте да ги четкате забите со другата рака, или да одите на работа од друг пат.
3.Конзумирајте бактерии
Во септември 2010 година, научниците претставија откритие кое покажува дека вообичаените бактерии кои можат да се најдат во земјата, ги прават стаорците попаметни. Таканаречените Mycobacterium vaccae бактерии, стаорците многу подобро ги поминувале тестовите со лавиринти и покажувале многу помалку знаци на нервоза, а во предниот дел од мозокот се наоѓала поголема количина на сератонин. Освен тоа, бактеријата ги развива и неуроните. Сето тоа собрано заедно, не значи дека ние треба да одиме наоколу и да јадеме земја, туку дека е доволна прошетка во шума или ако работиме повеќе во градината.
4. Наспијте се
За вашиот мозок е особено добро да го вежбате додека сте будни, а времето кое го поминуваме спиејќи сеуште не е познато како влијае точно на мозочната структура. Тоа што го знаеме е дека научниците со години го застапувале погрешното стојалиште, тврдејќи дека мозокот едноставно се гаси во моментот кога ќе заспиеме, за да се наполни во времето кога ние спиеме. Новите истражувања покажуваат дека во моментите кога сонот се одвива, нашиот мозок се храни со добиените информации, што значи тој ги вградува во себе добиените информации, за да остави простор за новите. Проблемите со спиењето често предизвикуваат проблеми со активноста на мозокот, меморијата и концентрацијата, па логично е дека треба да се наспиеме за нашиот мозок да функционира подобро. Се препорачуваат 6 до 8 саати сон, дневно за возрасна личност.
5. Внимавајте на своето тело
Се во своето тело е прилично поврзано, па невозможно е да не се грижите за еден дел, а тоа да нема влијание врз другиот дел на организмот. Вежбите се важни за вашето здравје, тело и мозок. Едноставното забрзување на крвотокот, го зголемува нивото на кислород и гликоза во мозокот. Освен тоа, важна е и исхраната. Многу врсти на намирници се поврзуваат со здравјето на мозокот, како што се рибљо масло, јајца, протеини, темнозелен зеленчук, а добра храна за мозокот е зелен чај, билни чаеви и јаткасти плодови.
5.
Пронајдете не на следниве мрежи: