Кои се 10те најмоќни луѓе во светот

Постојат околу 7,1 билион луѓе во светот. Ова се 10те кои се најмоќни од нив… 
Што имаат заедничко претседателот на САД и создавачите на Facebook? Сите тие се на листата која ја направи Forbes магазинот за најмоќни луѓе во светот. Држејќи го светот во дланка, тие многу едноставно ја креираат иднината на светот и решаваат за најзначајните прашања.

 
1. Барак Обама
Претседателот на САД, е дефинитивно најмоќната личност во светот по втор пат. Обама е дефинитивен победник, како и на изборите во САД така и на оваа листа. Претседателот се соочува со многу предизвици, вклучувајќи и буџетската криза, невработеност, здравство и светската политика која е доволно комплицирана за да ја објаснуваме. Сепак Обама останува да главниот командант на најголемата светска армија, и глава на економската и културната супемоќ.

 
2. Ангела Меркел
Второто место го завзема најмоќната жена во светот. Ангела Меркел, премиерката од Германија, која минатата година се најде на 4тото место на оваа листа. Меркел е најважната личност во Европската Унија, жена која ги диктира сите одлуки на 27те членки во ЕУ. На своите рамена таа ја носи судбината на еврото, како и долговите на ЕУ. Кој кажа дека жените не можат да го владеат светот?

 
3. Марк Цукерберг
Марк е еден од најмладите личности кои се најдоа на оваа листа. Со само 29 години, тој иако падна на оваа листа, сепак има многу големо светско влијание. Колку и да не сакаме да признаеме, сепак facebook има многу големо значење во нашиот живот, и многу често индиректно или директно влијае врз нашите животни одлуки. Кога ќе размислиме подобро, не е чудно тоа што овој млад дечко последниве години направи буквален бум во светски рамки.

 
4. Владимир Путин
Руски аристократ кој својата моќ, оваа година ја демонстрираше со затворањето протестанти. Во последните 10 години, тој е влијателен и кога беше претседател и кога беше премиер. Од Путин никогаш доста…Сметаме дека не е потребно нешто повеќе да кажеме за Мајка Русија, да не ни следува и нас нешто слично. 

 
5. Бил Гејтс
Создавачот на Microsoft, сеуште се наоѓа на оваа листа. Разбирливо е и зошто. Имено, тој освен што е заслужен за преродувањето во компјутерскиот свет,тој е еден од најголемите хуманитарци во светот, издвојувајќи голем дел од своите приходи за сиромашниот свет.  Се чини дека тој никогаш и нема да се симне од топ 5 најмоќните или најбогатите луѓе во светот. Заслужни за тоа се неговата упорност и интелегенција. Се надеваме дека ќе остане уште многу долго на оваа листа. Браво Бил!

 
6. Папата Бенедикт XVI ( поглаварот на Католичката црква)

 
7. Aбдула бин Абдулазиз ал Сауд ( кралот на Саудиска Арабија)

 
8. Марио Драгхи ( претседател на Европската централна банка)

9. Дејвид Камерун ( премиер на Велика Британија)

10. Соња Ганди ( претседател на Индискиот национален конгрес)
Постојат околу 7,1 билион луѓе во светот. Ова се 10те кои се н

Пронајдете не на следниве мрежи: