Како до подобар орален секс

Наспроти мислењето на поединци, момчињата во главно се трудат и обидуваат да ги задоволат своите патнерки, бар тогаш кога знаат како тоа да го направат.
Една од интересните приказни за големото женско задоволство е онаа за оралниот секс- жените според таа приказна би требало неизмерно да уживаат…

Но, често пати тоа не е така. Се поставува прашањето: Во што е тогаш проблемот?! Проблемот настанува како и најчесто во меѓучовековите односи (па и машко-женските), поради недостаток на ефикасна комуникација. Тоа што партнерот посакува и се обидува да ја задоволи својата девојка,пружајќи и орален секс, не подразбира дека тој умее како да го изведе тој чин, колку јаки да бидат допирите, во кој момент…брзи…спори….на кој дел точно…На тој начин може да се случи тој да се труди бескрајно долго, мислејќи дека со тоа на партнерката и пружа бескрајно задоволство, а пак таа и не ужива баш и после некое време, само чека на него да му здодее она што го прави,па да продолжат со сексот. Константното поминување преку еден ист дел од телото после подолго време само иритира, а не причинува задоволство.

Што тогаш? Старата добра комуникација. Од тоа не треба да ви биде незгодно, ако не се срамите да имате секс, зошто би се срамеле на партнерот да му кажете што сакате од него? Се разбира не би требало да звучите како да кажувате „упатство за употреба“. Изведете го тоа спонтано: малку пониско, малку поспоро, понежно, во комбинација со пофалби, нему не би му сметало, а вие ќе уживате! Полесната варијанта е самите да го поместувате своето тело, или пак неговата глава,тука веќе нема потреба да користите зборови…

Значи драги наши дами,немојте да се срамите дискретно да го упатите вашиот партнер- на тој начин ќе го зголемите и своето и неговото задоволство!

Пронајдете не на следниве мрежи: