Кристиано Роналдо ја пишува историјата на Реал Мадрид

Португалецот Кристиано Роналдо од редовите на Реал Мадрид се најде на шестото место во историјата на клубот со 126 голови, израмнувајќи го скорот на Гент.

Решен да испише нова страница на клубот, на натпреварот со Еспањол Роналдо го постигна својот 126-ти погодок за екипата на Реал Мадрид. Има одиграно 117 натпревари за овој тим, што е навистина импресивен податок.

Роналдо во моментов е еден од голгетерите на Реал кој има скор од повеќе од еден погодок на мечот, статистиката вели 1.07.

Следниот рекорд кој би можел да го собори не е баш далеку.

Имено, од петтопласираниот Пушкаш, исто така легенда на Реал, го делат 30 голови. Пушкаш постигна 156 голови на 180 натпревари, со што неговиот просек на постигнување голови е 0.86 по натпревар.

На првата позиција на стрелци за овој тим е легендата на Реал Мадрид, Раул, со 228 голови на 550 натпревари.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: