Говорејќи околу ситуацијата на табелата во италијанското фудбалско првенство и очекувањата во врска со остатокот од сезоната, Валтер Мацари смета дека титулата е веќе решена.
Екипата на Наполи се наоѓа на третото место на табелата во Италијанската Серија „А“ лига, со заостанување од седум бодови зад лидерот Јувентус.
Избраниците на Валтер Мацари викендов ја изгубија втората позиција на табелата, со самото тоа и борбата со Јувентус, со оглед на тоа дека беа поразени од Болоња.
Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, се надева дека екипата ќе извлече поуки од своите грешки, но тврди дека трката за титулата е веќе готова.
„Во трката за втората позиција се наоѓаат неколку екипи со приближно бодовно салдо, Наполи ќе мора да извлече поуки и во продолжението од сезоната да заигра многу подобро“ вели Мацари.
Во врска со титулата, Мацари вели…
„Кога е во прашање титулата, не верувам дека некој може сериозно да го загрози Јувентус“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: