Дерби натпреварот од француската лига меѓу екипите на ПСЖ и Лион го одбележа и една спорна ситуација кога Златан Ибрахимовиќ го згазна Дејан Ловрен.
Во Франција и ден по дерби натпреварот се говори премногу околу овој натпревар, и се шпекулира околу тоа дали Ибрахимовиќ имал намера да го повреди фудбалерот на Лион во еден старт.
Имено, откако го доби дуелот со Ловрен, швеѓанецот го удри Дејан Ловрен во глава, го згази и така иницираше контроверзна ситуација и потегна премногу прашања.
„Сите ми кажаа дека ме удри намерно. Во секој случај, се што знам е дека имам голема главоболка, а околу тоа дали сакаше или не сакаше да ме повреди одлучува комисијата“ изјави Ловрен.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: